сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски го пријави во полиција заканувачот од СДСМ

Героски го пријави во полиција заканувачот од СДСМ

Новинарот Бранко Героски го пријави во полиција заканувачот од СДСМ кој јавно напиша дека „ќе го бања во Вардар“.

Героски извести дека го прочитал извинувањето од Борче Гиноски, но смета дека не е искрено, па затоа и пријавил во полиција.

Се очекува надлежните соодветно да реагираат.

– ЗАКАНУВАЧОТ ОД СДСМ ГО ПРИЈАВИВ ВО ПОЛИЦИЈА, СЛУЖБЕНО ЌЕ БИДЕ ИЗВЕСТЕН И ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Лицето Борче Гиноски од Скопје денеска попладне во порака на ФБ ме извести дека јавно ми се извинил за заканата што ми ја упати синоќа. Го прочитав на неговиот ѕид тоа “извинување” и сфатив дека е неискрено, затоа што заканата тој ја нарекува “недоразбирање”.
Од тие причини, случајот сепак го пријавив во Единицата за насилен криминал на СВР Скопје. Составен е записник и извршено е целосно документирање на случајот. Примерок од записникот ќе се најде на масата на јавниот обвинител, за натамошно постапување.
Во минатиот режим, неколку пати на сличен начин имам пријавувано закани, некогаш самиот, а некогаш заедно со други лица. Ниту една од тие пријави не заврши со гонење на заканувачите. Да видиме дали сега има разлика. – напиша Героски на Фејсбук.

Најнови вести