петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Хај Биг Мајк, ви ар даун!

Героски: Хај Биг Мајк, ви ар даун!

Толку за транспарентноста на оваа влада. Некој очигледно сфатил дека средбата на премиерот со контроверзниот Биг Мајк, кој повеќе од една деценија има живеено во бегство со лажни идентитети и кој на социјалните мрежи активно пропагира многу повеќе од медицинска употреба на канабисот, би можела да биде неприкладна за имиџот на кандидатот за Нобел. И веројатно паднала одлука мудро да се молчи…, пишува во својата колумна уредникот на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски.

Во продолжение дел од колумната на Бранко Героски:

За несреќа, Биг Мајк не знае да молчи. Напротив, тој детално ни објаснува за што, всушност, разговарал со своите домаќини (од кои веројатно само министерот за здравство Венко Филипче има некакво алиби зошто воопшто би се среќавал со кралот на канабисот, содржано во зборот „медицинска употреба“). Така, покрај фотографија со Заев, Биг Мајк (навистина е биг, мајку му стара!) споделува и ваква информација за содржината на средбата со прајминистеро: „„Зборувавме многу за канабисот. И дозволете ми да ви речам, оваа земја има голем потенцијал. Возбуден сум што ќе бидам дел од претворањето на Македонија во една од европските суперсили“.

Браво, браво, браво! Конечно признание од врвен стручњак во својата област дека Македонија барем за нешто има потенцијал да стане „европска суперсила“. Во производство на канабис, односно марихуана. А можам да замислам што ќе се случи ако се остварат иницијативите за целосна, а не само за медицинска употреба на марихуаната. Цела нација има да се возбуди и ќе биде хај!

Внимавајте, јас лично немам никаков посебен отпор кон овие иницијативи, сѐ додека некому не му текне да воведе задолжителна употреба на канабисот. Што, се надевам, е малку веројатно. Освен ако масовното дување не биде некоја акција во рамките на акцискиот план за „одбрана на демократијата“. Додека тоа не се случи, кој сака нека си дува, нека си шмрка, нека прави што сака. Но, сите ние имаме проблем кога човекот кој е платен од даночните обврзници и задолжен да ја претставува оваа земја, нашиот премиер Зоран Заев, чувствува потреба лично да се сретне со еден ваков колоритен лик, каков што е тој Мајк. Па добро, ако е тоа дел од задолжителниот протокол за една земја што треба да стане „европска канабис супер сила“, зошто тогаш не е организирана средба на Биг Мајк и со претседателот Стево Пендаровски? Или средба со претставници на водечките парламентарни партии? Па вака ли се пречекува толку значаен светски бизнисмен и инвеститор?

Целата колумна можете да ја прочитате на „Плусинфо“.

Најнови вести