сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Не ми се верува дека ваков гаф му се случи на Фрчкоски, тој требаше да знае дека ова треба да е тајно

Героски: Не ми се верува дека ваков гаф му се случи на Фрчкоски, тој требаше да знае дека ова треба да е тајно

„Таа процедура за именување на амбасадор, за добивање на агреман итн. е тајна во основа, одлуката се донесува на затворена седница на Влада, никој за тоа во принцип не зборува, и ако некој тоа треба да го знае тоа е професорот по меѓународно право и поранешен министер за надворешни работи Фрчкоски. Просто е неверојатно ваков гаф да се направи, но веројатно тоа не е главната причина очигледно дека имало резерви“, истакна Бранко Героски во гостувањето во емисијата „Само вистина“.

Героски додаде дека според порталот „Либертас“ вината се префрла на македонската дијаспора на наводно кодошење. А, Фрчкоски е доста влијателно во „Либертас“, и во ова напишаното тој се сомнева дека е точно.

„Дефинитивно знаеме дека неговото назначување за амбасадор би било проблем, а тоа се познава и по реакциите“, појасни Героски.

Героски посочи дека сериозни држави внимаваат на целокупниот профил на луѓе кои ќе ја претставуваат државата во странство.

„Кога се има проблем тоа е непријатно секогаш и за личноста и за државата“, нагласи Героски.

Героски истакна дека е љубопитен дали и Жерновски ќе стане амбасадор во Њујорк, а вакви работи не треба да излегуваат јавно.

Најнови вести