понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Оваа влада веќе трпи политички последици, а ова вечерва не смее да пројде без тврда реакција!

Героски: Оваа влада веќе трпи политички последици, а ова вечерва не смее да пројде без тврда реакција!

Загрижен сум каде сево ова води , но пак ќе речам извесна нервоза треба да има во премиерот за да дојде до ваква во крајна линија дискриминирачка изјава и во крајна линија говор на омраза на премиерот, причината за тоа можеби да е една внатрешна нервоза поради тоа што во текот на утрешниот ден или деновите што следат пред нас ќе треба да се дадат поголеми жртви од она што се планирало и ќе се влезе многу подлабоко во расветлување на оваа афера, а за тоа ќе има политички последици, ова вечерва во вестите на телевизија Алфа го истакна новинарот Бранко Героски.

-Оваа влада веќе трпи политички последици и таа како одговорна власт мора сериозно да го поттикне правосудството и органите на прогонот да расчисти со реалниот криминал, а не да плашат луѓе, да сеат страв во државата и тоа ништо не носи, ние веќе тој филм го видовме. Мораме да научиме од нашето минато, вели Героски.

Тој додава дека ако денеска ова помине, нападите утре ќе бидат уште пожестоки и ќе се нападнат луѓе не инволвирани во ништо.

-Ова не смее да не пројде без тврда реакција, за да не се нападнат други луѓе утре ден, вели Героски.

Најнови вести