среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Власта ме следи, имам докази

Героски: Власта ме следи, имам докази

За македонската разочараност, политичката аптартија, бипартизмот и политчкото клонирање во последната колумна „Политичка алтернатива ќе има и таа жестоко ќе ве погоди, другарчиња!“ пишува Бранко Героски. Героски во колумната вели дека бипартизмот во Македонија е во претсмртна агонија. Клуч за изборите во 2020 година ќе биде како да се обезбеди што поголема партиципативност на граѓаните во политичкиот живот. Тоа двете големи политички партии, за жал, сега не можат да го обезбедат. Време е за нови идеи, за нови партии и за нови луѓе во политиката. Но, она што патем го спомнува Героски, а што е особено важно да се забележи е неговото известување дека во моментов против него се употребуваат мерки на следење.

Тоа е вистинската причина поради која СДСМ ја покрена кампањата „На прав пат“. Веројатно некој ќе се сети дека во мојата колумна под наслов „Граѓаните раскарани, мафијата обединета, а другарчињата ќе терале кампања!?“, јас уште пред две недели ја најавив оваа кампања. Тогаш нагласив дека намерата граѓаните да се убедат на животот да погледнат низ розови очила е бесмислена. Исто така, предупредив дека дел од таа пропагандна акција на власта ќе биде обидот за континуирана дифамација и за систематско поткопување на кредибилитетот на личности од јавниот живот, за кои се смета дека со своите критики на владата на Заев придонесуваат за драстичниот пад на нејзината популарност. Таа акција сега е во полн ек, недоквакани денунцијанти и некадарници шират лажни вести и говор на омраза во медиумите кои сѐ поотворено се декларираат како „перјаници на СДСМ“, а кампањата вирално се шири и на социјалните мрежи.

Според моите очекувања, јас сум на таа листа за отстрел на „непријателите“ на новата власт. Ја известувам јавноста дека во овој момент против мене се употребуваат и мерки на следење, за што веќе известив надлежни функционери, претставници на две новинарски здруженија и претставници на три амбасади на влијателни земји-членки на НАТО. Токму денеска дојдов и до првиот материјален доказ за таа шпионска активност, за што ќе известам кого треба уште во текот на утрешниот ден. За ова, засега толку. Повеќе откако ќе го добиеме толку очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Целата колумна можете да ја прочитате на Плусинфо.

Најнови вести