сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски за „Гласот на Америка“: Не се чувствувам сосема безбедно да ја вршам новинарската работа

Героски за „Гласот на Америка“: Не се чувствувам сосема безбедно да ја вршам новинарската работа

„Најтешко е кога човек брани апстрактни вредности, но сепак реални како што се слободата и демократијата во едно општество, за нас новинарите слободата на печатот е кислород, а мене, како и на моите деца во иднина ќе им биде битно да живеат во едно поинакво општество“, порачува, новинарот Бранко Героски во интервју за Гласот на Америка.

Тој во интервјуто зборува за притисоците, провокациите, заканите, клеветите.

-Јас сум навикнат на притисоци, на провокации, на закани, на секојдневни навреди и клевети. Навикнат сум на нешто што е лошо. Таа своја навика ја користам да го издржам оној притисок кој сега го чусвтвувам, во време на, нели, промени. Но, во секој случај не би рекол дека се чувствувам доволно, до крај, безбеден и комотен да го правам она што сакам да го правам, односно да ја употребувам својата слобода на изразување, па и до степен на неумерена критика. Мислам дека македонските власти треба да се навикнат дека тоа е една нормална состојба, дека критиките од новинарите, колумнистите, јавните личности, можат да бидат и полезни и корсни за секоја власт. Јас така се однесувам  без оглед што ситуациите со кои се соочувам секојдневно не се баш пријатни, истакна Героски во интервјуто.

Најнови вести