четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Автопатот кон Косово ќе го почне и ќе го направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев: Автопатот кон Косово ќе го почне и ќе го направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев изјави дека оваа влада нема ништо направено за Арачиново и дека градоначалничката Миликије Халими ги разочарала граѓаните,  а автопатот кон Косово ќе го почне и ќе го направи владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

-Во делот на општина Арачиново ќе го кажам следново, тоа е општината каде што Зоран Заев доби многу гласови многу поддршка, имаше многу очекувања Зоран Заев заедно со Оливер Спасовски заедно со Миликије Халими.  Миликије Халими веќе две години, две долги години е градоначалник на општина Арачиново, а нема никакви проекти, има големо разочарување помеѓу народот ништо не е реализирано така што граѓаните во општина Арачиново ги имаат разочарано и Зоран Заев и Оливер Спасовски и Миликије Халими, поплаките се секојдневни и огромни. Јас имав можност за време  на претседателските избори да одам и во Грушино и во Арачиново луѓето се и тоа како разочарани, би замолил дали имате коментар во врска со политиките реализираните проекти и неуспешноста на Миликије Халими како градоначалник, нагласи Ѓорчев

Влатко Ѓорчев во понатамошната дискусија му се обрати на неговиот колега Рушиди и му упати критика дека владата на Заев ништо не направила во врска со автопатот за поврзување на Скопје и Приштина.

– Косово направи автопат до самата граница тој автопат го носи името на Арбен Џафери поранешен наш колега тука во овој законодавен дом, интелектуалец кој што имаше дебати разговори со Љубиша Георгиевски кои што дискутираа за политиката за уметноста за филозофијата за дипломатијата за огромен број на работи, Косово го направи својот дел од автопатот, оваа влада на Зоран Заев една шајка нема заковано за автопат кон Косово. Автопатот кон Косово, колега Рушиди, ќе го почне и ќе го направи владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски затоа што сакаме да ја градиме Македонија секаде, сакаме да правиме автопатишта и во источна Македонија и во западна Македонија. Сакаме да ја поврземе Македонија со сите наши соседи и на исток и на запад. Ќе ја градиме Македонија, да, од април и од мај ќе свртиме нова страница, заклучи Ѓорчев.

Најнови вести