понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до Харпер: Честитки за изборот за претседател на ИДУ, благодарност што како премиер на Канада ја признавте Република Македонија под уставното име

Ѓорчев до Харпер: Честитки за изборот за претседател на ИДУ, благодарност што како премиер на Канада ја признавте Република Македонија под уставното име

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретна со поранешниот премиер на Канада, Стивен Харпер, кој беше избран за претседател на Меѓунарпдната демократска унија (ИДУ), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев се заблагодари на Харпер што за време на неговиот мандат како премиер Канада ја призна Република Македонија под уставното име. Ѓорчев му се заблагодари исто така и за поддршката која нашата земја ја добива од Канада.

На средбата стана збор и за македонците во Канада, кои во Канада според некој проценик се околу 200.000. Ѓорчев му се заблагодари на Харпер и за неговиот однос кон Македонците во Канада.

Во ИДУ членуваат сите регионални десни партии како и самата ЕПП.

ИДУ е меѓународна организација на партиите од десниот центар. ИДУ има 71 полнаправни членки од 63 држави ширум светот од Европа, Америка, Австралија и Азија. Организација е формирана во 1983 година и нејзиното седиште се наоѓа во Минхен, Германија.

Организацијата е формирана по иницијатива на германската фондација „Конрад Аденауер“  и тогашниот потпретседател на САД, за време на администрацијата на Роналд Реган, Џорџ Буш – постариот.

Најнови вести