четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Македонија урива рекорди по смртни случаи од КОВИД, утре ќе имаме 21 погреб, а за Заев и власта тоа не е вест

Ѓорчев: Македонија урива рекорди по смртни случаи од КОВИД, утре ќе имаме 21 погреб, а за Заев и власта тоа не е вест

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисија на ТВ Стар каде што посочи дека Македонија е на врвот по смртност од КОВИД-19 во светот, а тоа се должи на неспособноста на оваа власт да се справи со пандемијата.

-Резултатите и бројките самите од себе зборуваат, а тоа е дека Македонија е најлоша во светот. А, тоа најлоша во светот и по број на смртни случаи, Македонија е најлоша во светот и по вакцинацијата. Зарем треба за нешто друго да се зборува во Македонија, во ситуација каде што секој ден, еве денес во Македонија имаме 21 починат граѓанин. Значи утре во Македонија ќе имаме 21 погреб, 21 семејство ќе ги испратат најмилите, 21 човек кој што до денес бил со нас, од утре тие веќе нема да бидат со нас. А, за власта, за Зоран Заев и неговите министри тоа не е вест, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев запраша дали е нормално во Македонија да се има секој ден по 20-тина починати граѓани.

„За бројките, зошто сме најлоши во светот? Најлоши сме на светот по бројот на умрени за тоа што имаме катастрофален менаџмент од страна на оваа власт. Ако видиме имаме 3.300 починати лица, тоа е најголема смртност во светот. Зошто? За тоа што пресметките за Македонија кои што се прават на статистичките табели велат дека во Македонија има 2.1 милион жители, а Македонија нема 2.1 милион жители, во Македонија има реално 1.6 милиони жители. Директорот на ДЗС вели 1.5 милиони жители, некои велат 1.7 милиони жители и значи ако го видиме реалниот број на жители во Македонија резидентното население тогаш Македонија е на врвот по процентот на починати во светот. Македонија е на првото место по смртност на светот“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека никој нема повеќе мртви од КОВИД-19 како што има Македонија, а тоа се должи на неспособноста на оваа власт.

Најнови вести