четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Парализата на институциите и неспособноста на Владата ги чини граѓаните 200 милиони евра годишно

Ѓорчев: Парализата на институциите и неспособноста на Владата ги чини граѓаните 200 милиони евра годишно

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на Собраниската седница посветена на пратеничките прашања истакна дека до октомври реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 27 проценти. Потоа тој со едноставен пример се објасни колку впрочем е штетна за граѓаните економската политика на власта на СДСМ.

-Почитувани граѓани, Република Македонија просечно има реализација на капитални инвестиции од 70 до 80 проценти, а некогаш и до 88 проценти. Годината речиси заврши реализацијата на овој тим кој што седи лево од вас и позади вас е 27 проценти. Никогаш полошо, во Македонија имало и војни и кризи и политички кризи и избори и одложени избори и се останато. Реализацијата била по 80 проценти сега е 27 проценти. За да се разбереме што мислам, замислете почитувани присутни кога во некоја болница или амбуланта би дошле 100 луѓе за интервенција, а само 27 би биле примени, вели тој.

Според Ѓорчев одговорот на ваквите катастрофални економски резултати е разрешувања на оние кои немаат задоволителни резултати во својата работа, а токму нивното неработење се одразува во реализацијата на капиталните инвестиции.

-Време е за разрешувања, време е луѓе да си одат затоа што било кој вработен во Македонија дали е приватен сектор, дали е јавен сектор во било која држава со реализација од 27 проценти каде што годината речиси поминала би му се заблагодариле за довербата и рекле ќе побараме некој друг. Трпи економијата, трпи стопанството трпи БДП, посочи Ѓорчев.

За крај тој посочи дека Македонија е земјата со најмал проектиран раст во регионот според ММФ, односно раст на БДП од само 1.6 проценти, а неспособноста на владата ги чини граѓаните 200 милиони евра помалце додадена вредност годишно.

Целото обраќање на Ѓорчев, погледнете го во продолжение:

Најнови вести