Како наближува денот на изборите зачестуваат разбојништвата и кражбите. Спасовски наместо да работи во насока на подобрување на безбедноста и сузбивањето на криминалот оди по партиски митинзи за промоција на Стево Пендаровски, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-На само 5 дена пред изборите за претседател на Република Македонија се случи еден од поголемите грабежи во изминатиов период. Во текот на вчерашниот ден вооружени разбојници влегле во експозитура на НЛБ Банка во Бутел и од банката одзеле поголема сума на пари, по што со возило се впуштиле во бегство, кое истото подоцна и го запалиле. Многу траги, многу дејствија во мал простор, а МВР на Спасовски молчи. Поминаа речиси 24 часа, а Спасовски ги нема пронајдено ограбувачите на експозитурата на НЛБ Банка во Бутел. Оливер Спасовски или е неспособен или намерно го прикрива настанот. Спасовски мора да одговори зошто се молчи повеќе од 24 часа? Зошто МВР, иако има бројни дејствија кои се случиле на мал простор се уште нема сознание за ограбувачите? Дали власта ги крие ограбувачите и со која цел? Дали парите од грабежот ќе бидат користени за изборен поткуп пред, но и на денот на изборите. Доколку властите не го расчистат овој случај, ќе постојат основани сомненија дека парите од грабежот ќе бидат искористени за поткуп. Криминалот е одлика на Спасовски и Заев. Заев и Пендаровски се 102.5% исти. Пендаровски го поддржува криминалот. Гласот за Пендаровски е глас за криминалот во Република Македонија, потенцира Ѓорѓиевски.