сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Глас за Македонија: Бараме итна оставка од оваа Влада и распишување на предвремени избори

Глас за Македонија: Бараме итна оставка од оваа Влада и распишување на предвремени избори

Бараме итна оставка од оваа Влада и распишување на предвремени избори. Секој ден поминат на власт, ги чини граѓаните и Република Македонија многу. Штетите кои ги прави  со своето поданичко однесување, штетите кои ги прави и во секој систем внатре во државата, ќе треба да се санираат со години.

Ова го истакнуваат од политичката партија Глас за Македонија.

-Синоќешниот дебакл на владините, прескапо платени пропагандни настани е јасен показател за расположението на мнозинството на македонскиот народ  и на сите граѓани,  од нивните политики. Не успеаја да го излажат народот дека треба да слави себе укинување за да добие препораки за препораки. Како во црн тоталитарен режим, народот  требаше да воспева во еден глас  евентуално приклучување кон воена алијанса. Ова е цивилизациско дно. Но, ова е и еден вид  консултативен референдум. Фалбите на Заев дека 75% од граѓаните се за прифаќање на срамната спогодба, се сведоа на едвај вкупно 750 луѓе, главно партиска војска. Не успеаја дури ни своето партиско членство во поголем број да го доведат на музичките настани. Сега им е веројатно јасно дека бројките за поддршка на евентуалниот референдум со кои манипулираат, ќе бидат поразувачки за нив. Бараме да ја преземат одговорноста за погубното владеење, порачуваат од партијата.

Најнови вести