Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние оствари средба со поранешниот премиер Зоран Заев.
За средбата информираше преку социјалната мрежа Твитер каде напиша дека разговарале за потребата од добро воспоставување на техничка влада, за спроведување фер и транспарентни предвремени парламентарни избори.
Со оглед на фактот што Заев не е функционер во техничката Влада, се поставува прашањето зошто Тимоние имал потреба токму со него да разговара на оваа тема.
Дали амбасадорот имаше пораки до Заев да не ја кочи работата на Техничката Влада, следејќи ги неговите чекори од изминатиов период?
Кога ќе се погледнат фотографиите од средбата, на нив ќе го забележите и Бојан Маричиќ. Тој од функцијата советник во кабинетот на премиерот неодамна беше именуван за национален координатор за интеграција во Европската унија, Берлински процес и регионална соработка.
Бидејќи Заев на оваа средба беше во функција единствено како претседател на партијата СДСМ, се поставува прашањето што барал Маричиќ, советникот од влада, на оваа партиска средба? Или во СДСМ се е едно – и државата и партијата?
Нему работното место му е во Влада, од каде што зема висока плата од џебот на граѓаните, а тој среде работно време со врши партиски активности со лидерот Заев. Денешната партиска екскурзија на советникот е на сметка на буџетот.
Avec le président du SDSM @Zoran_Zaev, nous avons abordé la nécessité d’une bonne mise en place du gouvernement technique, pour la mise en œuvre d’élections législatives anticipées équitables, transparentes, et régulières ainsi que l’adoption de la loi sur le parquet au Parlement pic.twitter.com/y1fUnGPiFv
— Christian Thimonier (@ChThimonier) January 21, 2020