четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Го потврдува ли Заев мешањето во МОК со честитката до Димевски?

Го потврдува ли Заев мешањето во МОК со честитката до Димевски?

На 28-ми октомври по повеќечасовна дискусија, изборното собранието на Македонскиот олимписки комитет (МОК) со 30 гласа „ЗА“ го избра екс советникот за спорт на Зоран Заев, Даниел Димевски за претседател.

-Ќе работиме напорно кон реализација на новата Олимписка програма, но ќе работиме уште понапорно да ги обединиме сите Олимписки и спортски организации во нашата држава, бидејќи само заедно можеме да ги достигнеме олимписките височини кои ние, македонските спортисти, толку силно ги посакуваме, истакна Димевски по изборот за претседател на МОК.

MOK

Деновите пред изборното собрание, дел од медиумите пишуваа дека зад имињата кои се предлагаат за позицијата на Васил Тупурковски, стои директно премиерот Заев на кого му одговара на оваа позиција да биде негов близок, а со цел да ги контролира парите во оваа спортска организација. По изборот на Димевски за претседател на МОК, за кого медиумите во минатото пишуваа дека носи сомнителен криминален багаж, денеска со честитка до него се огласи лично и Заев.

Со честитката, објавена на Фејсбук, која му ја испраќа на екс советникот за новата фукција, се отвора и прашањето дали Заев индиректно го потврдува неговото мешањето во фукнционирање на МОК, под превезот на „соработка“.

-Ви посакувам Вам, господине Димевски и на Олимпискиот комитет, да му дадете нов елан на ширење на принципите на олимпизмот и за развој на врвниот спорт и на меѓународната соработка во областа на спортот. Владата на Република Северна Македонија е подготвена заедно да соработуваме на креирањето на Спортски фонд за врвен спорт, како дел од нашата програма, како и во кампањата за зголемување на бројот на млади кои спортуваат за 30%. Со ваучер системот продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари за спорт. Во 2020 успеавме да обезбедиме дополнителни 10 милиони евра во спортот, како и буџетски 6 милиони денари за системот на млади спортски надежи. Нашата цел е овој износ да расте до 15 милиони евра на крајот на мандатот и заедно со Олимпискиот комитет да учествуваме во подготовката и учество на спортистите од Република Северна Македонија на Летните и Зимските олимписки игри и за развој и ширење на олимпиското движење во Северна Македонија, пишува Заев во честитката до Димевски.

Честитката премиерот ја завршува со зборовите „многу успех во исполнувањето на олимпиското мото “Citius, Altius, Fortius” и нека биде „побрзо, повисоко, посилно““.

Инаку, долгогодишниот Генерален секретар на Македонскиот Олимписки Комитет, Зоран Гапиќ два дена пред изборното собрание на МОК во изјава за Курир, меѓу другото истакна дека кандидатите го немаат потребното искуство за позицијата претседател на МОК.

-Тоа било и со години наназад многу штетно за сите. Важен е нивниот профил. Мислам дека и двајцата немаат искуство потребно за Претседател на МОК. Нормална процедура е да се наследникот  (наследниците), подготвуваат подолго време за превзимање на таа функција. Посебно за меѓународната соработка, која е многу битна. Важна е предиспозицијата и харизмата, која е и неопходна. Потребно е  да се видат програмите, јавно, за позицијата на МОК, дома, соработката и законите кои даваат можност да МОК биде фактор и во спортот и во образованието и во културата и во здравствениот систем. Специјално за младите. И што е најважно, дали кандидатите имаат потенцијал да ги спроведат, истакна тој во изјава за КУРИР.

Медиумите пишуваа
Кој е Даниел Димевски – поранешен советник на Зоран Заев?
МОК

Даниел Димевски е поранешен советник на Зоран Заев во Владата на СДСМ, инаку поранешен кошаркар, но и познат на јавноста по еден скандал за кој случај отвори и Антикорупциската комисија.

Димевски се поврзуваше со скандал на судир на интереси, каде што како советник на премиерот во Владата си додели концесија на СРЦ Кале, каде што беше потпишан договор помеѓу фирмата на Даниел Димевски и Владата (ЈПСОС), каде што постоеше сомнеж за класичен судир на интереси дека ја злоупотребил својата позиција за остварување на лична корист.

  

Ова беше утврдено и од Антикорупциската комисија, која според неофицијалните информации до Владата имаше испратено барање за утврдување на одговорност и отпочнување на постапка против Даниел Димевски, додека пак исто и барање за разрешување на директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин заради лошо работење и менаџирање со институцијата. Наводно, ваква кривична постапка е отпочната и е во Јавното обвинителство за овој случај.

Најнови вести