Андреја Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“ на дебатата организирана од Град Скопје поради гасоводот вели дека бенефитите на гасоводот воопшто не се спорни. Тој притоа рече дека нивното главно прашање е кои се бенефитите ако тој гасовод поминува низ заштитено подрачје односно парк шумата Водно.
– “Ние бараме да се направи ревизија на проектот, да се репроектира трасата од Арачиново до Жеден и таа траса да не поминува низ парк шумата Водно. Немаме видено анализа да се споредат трасите. Ние бараме да не се оди низ заштитено подрачје туку бараме да се оди по земјоделско земјиште и пасишта“ рече Јанков.
Според Јанков во континуитет се уништува зеленилотона Водно. Тој потенцираше дека има 2 паркови и зелени коридори но притоа тука е и парк шумата Водно во овој момент функционира. Тој посочи дека парк шумата во 2002 година задоволувала 46 % од потребите за чист воздух но Во меѓувреме населението на главниот град постојано расте додека шумата постојано се намалува.
– “Да го напоменам само патот кон Сочев Град. Тука имаме само 50 илјади метри квадратни само по пат. За изградбата на жичарницата 20 илјади метри квадратни, кулата на АЕК има околу 2500 метри квадратни, крстот на Водно зафаќа површина околи 350 метри квадратни. Гасоводната траса има 250 илјади метри квадратни низ Водно. Со намалување на појасот на 15 метра ќе имаме 150 илјади метри квадратни. Двојно повеќе од се што е досега качено на Водно“ вели Јанков.
Според Јанков грешка е Водно да се гледа како само дрвна маса. Според него Водно е еколошки ситем кој што е верижен и ако се извади една алка тој систем ќе биде срушен. Притоа посочи дека претходно се спомнало пошумување. Тој се запрашува како е тоа можно кога веќе се уништува појас кој е веќе пошумен и функционира на сметка на некое си идно пошумување кој никој не го гарантира во моментов.