Проф. д-р МИХАЈЛО МИНОВСКИ
„Делчев беше божественото олицетворение за учесниците во ВМРО. Него природата го беше создала само за водач на едно движење како што беше македонското во неговото време.“
Русински
Оваа наша научна трибина ја одржуваме во вистинско време да покажеме дека македонистичката македонска историска наука продолжува со својата деј-ност на проучување, вреднување на настаните и личностите од историјата на македонскиот народ, да дадеме научен одговор дека нашето историско минато, биле и ѐ само македонско во целиот период, и до крајот на Втората светска војна. Владата ги прогласи за ништожни сите вредносни постигнувања на македонска современа историска наука, на генерациите наши науни работници, професоти и академици (Љубен Лапе, Блаже Конески, Александар Христов, Манол Пандевски, Данчо Зографски, Апостолски и др.). Објави и документирано потврди дека за сето време во изминатите седум и пол децении нашата историска наука крадела туѓа и создавала лажна, македонска историја.
Со договорот со Република Бугарија (потпишан на 1 август 2017 година) и со договорот со Република Грција (потпишан на 17 јуни 2018 година) нашата држава се обврза да ги исправи „нанесените историски неправди“, да го врати „присвоеното“, „бугарското“ на Бугарија, „елинското“ на Грција. За тоа спроведе уставно деноминирање на Република Македонија и продолжува одмакедончувањето на нашето милениумско историско политичко културно минато. Под формулацијата за заедничко минато со бугарскиот народ (до крајот на 1944 година), истото се бугаризира. Следствено дека светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум биле Бугари, средновековната македонска држава-Самоиловото царство било бугарско, сите наши преродбеници и револуционери биле Бугари, окупирањето на Македонија за време на балканските и двете светски војни, не било окупација, туку ослободување; Дека во Република Бугарија нема пирински дел од Македонија, нема Македонци, нема македонско национално малцинство. Со вториот договор Владата прифати дека приморскиот дел од Македонија секогаш бил и е грчки, дека немало и нема Македонци, дека нема македонско национално малцинство во грчката држава. Во двете владини комисии за спроведување на преземените обврски, по урнек на „Охридскиот рамковен договор“, има ангажирани историчари за да посведочат за историската релевантност на веќе прифатеното во потпишаните политички антимакедонски договори.
Во случајот во договорот со Бугарија тие треба да потврдат дека нашата наука ја „крадела“ историјата на бугарскиот народ. Во моментов се во застој нивните усогласувања за Гоце Делчев, дали бил и е Бугарин или е споделена историска личност, но не Македонец.
Ние и денеска, спроти 148-та гдишнина од неговото раѓање, сме овде, на оваа научна трибина да го откриваме Гоце Делчев како личност кој одбележа епоха во поновата историја на Македонија, на македонскиот народ и на македонската нација, и да го определуваме неговото дело во перспектива на времето што претстои.
*
Георги-Гоце Делчев се родил на 4 февруари 1872 година во традиционално повеќедетно поимотно семејство[1] во Кукуш, во приморскиот дел на Македонија, на 35 км од Солун,[2] административен, политички, економски и културен центар на Македонија. Градче со компактно македонско население на крајот од XIX век,[3] значајно средиште на македонско преродбенско и црковно движење за автокефална црква.[4] Градче во кое имале одглас ослободителните борби од времето на македонските востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 – 1879 год.) и повостаничките револуционерни пројави до последната деценија на XIX век.[5]
Гоце Делчев основно образовно и прогимназија завршил во Кукуш. Во 1888 година образованието го продолжил во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ на Бугарската егзархија во Солун, во која се школувале ученици од сите краеви на Македонија. Меѓу првите ученици во гимназијата биле подоцна водечките македонски револуционери Пере Тошев[6] и Ѓорче Петров,[7] Даме Груев, Петар Поп Арсов и др. Во гимназијата меѓу учениците се ширеле револуционерни идеи и се кревале ученички бунтови.
Делчев дошол во Солунската гимназија да го продолжи образованието во почетокот на 1888 година, непосредно по големиот ученички бунт против спроведуваната бугаризација. Побунетите ученици барале настава на македонски народен јазик.[8] Поради тоа тие биле отстранети од гимназијата.[9]
Во таа средина Делчев се посветил на читање револуционерна литература и книги за историјата на Македонија (за македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј,[10] за Климент Охридски, за Александар Македонски, за македонските востанија 1876, 1878-1879 година). Активно учествувал во конспиративното револуционерно организирање, бил член на тајниот револуционерен кружок во гимназијата во 1889 година, а од есента 1890 година го презел раководењето со кружокот.[11] Во 1891 година (со група сооченици од кружокот) образованието го продолжил во Бугарија, во Военото училиште во Софија.
Во време кога во Софија се пројавила Младата македонска дружина (со Коста Шахов,[12] Петар Поп Арсов,[13] Иван Хаџи Николов,[14] Христо Поп Коцев,[15] Димитар Мирчев[16] и др.),[17] со свое гласило „Лоза“, започнала со културнонационална дејност.[18] За јавно да се посведочи таквата дејност во името бил додаден зборот „книжовна“. Започнала и конспиративна револуционерна дејност за реали зирање на идејата за „револуционерен отпор“.[19] Во почетокот на 1892 година во своето гласило „Лоза“ ги објавила програмските принципи, дека ќе се ангажира за обединување на силите за дејствување за спротивставување на дејствувањето на пропагандите од соседните држави во Македонија за одбрана на татковината од поделба.[20] Дружината брзо била растурена од бугарските власти,[21] по што дел од нив (Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, а претходно Дамјан Груев, организаторот на Македонско студентско друштво) се вратиле во Македонија, за да организираат конспиративна револуционерна дејност.
Тие во Солун се организирале како интелектуална конспиративна група и договориле создавање револуционерна организација која ќе го организира, подготви и поведе македонскиот народ во оружена борба за автономија на Македонија. Во средината на 1902 година ги договориле основните начела врз кои ќе се создава конспиративна револуционерна организација. Кога требало да се започне со релаизирање на договореното, се поставило прашањето за личноста која ќе предводи. Иван Хаџи Николов бил задолжен за тоа и отпатувал во Софија за да се советува со Коста Шахов, докажан македонски деец. [22] Во јули 1902 година Хаџи Николов се состанал со Шахов кој се изјаснил категорично дека единствената личност за тоа бил Гоце Делчев. На Делчев му биле претставени целта и договорените начела за планираната македонска тајна револуционерна организација:
- Организацијата да се основа во Македонија,
- Основачите да се (само) Македонци, да живеат во Македонија, со народот да ги споделуваат тешкотиите и опасностите, да се чесни и авторитетни, да му влеваат доверба.
- Организацијата да биде тајна, самостојна и независна.
- Да се прифати од македонската емиграција во Бугарија и од Бугари материјална помош и морална поддршка без мешање во работита на организацијата.
- Цел на дејствувањето – автономија на Македонија, согласно чл.23 од Берлинскиот договор на европските Големи сили и Османлиската држава на што таа се обврзала со потпишувањето на договорот. Основа за легитимност на оружената ослободителна борба.[23] Делчев ги прифатил претставените начела и се обврзал по завршувањето на Военото училиште да се врати во Македонија.[24]
Во Военото училиште Делчев се присоединил на сооучениците во конспиративниот кружок, читал актуелни изданија и социјалистичка литература, ги следел случувањата преку печатот, активноста на организирани интелектуални групи, меѓу кои и со македонските социјалисти (МСРГ) и поединци, посебно со Коста Шахов. Но, останал посветен на завршување на училиштето, решен потоа да се откаже од воената служба, да се врати во Македонија за да се посвети на револуционерното ослободително дело.
Во јуни 1894 година Делчев го завршил последниот клас во Военото училиште, но не бил произведен во офицер,[25] обвинет за ширење социјалистичка пропаганда во училиштето. Со наредба од Военото училиште од 6 октомври (24 септември ст.с.)[26] Гоце Делчев бил исклучен од училиштето. Со тоа само било забрзано неговото враќање во Македонија за да се посвети на револуционерна дејност. Со стекнатото воено образование и револуционерно искуство да работи за ослободување на татковината, да го исполни и ветувањето дадено на Иван Хаџи Николов (во 1892 година).
На почетокот од октомври, на неговото барање да биде назначен за учител, од Училишна управа во Штип бил известен дека бил примен за учител во училиштето во Ново Село.
Организацијата веќе била создадена од основоположниците: Дамјан Груев, др. Христо Татарчев,[27] Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев,[28] и Андон Димитров,[29] на основачкиот состанок во Солун, на 4 ноември (23 октомври) претходната година. Во јануари 1904 година бил усвоен Уставот[30] со којшто било утврдено името: Македонска револуционерна организација (МРО)[31] и определена целта на Организацијата: борба за извојување автономија на Македонија. По усвојувањето на Уставот се конституирал Централниот комитет.[32] До летото Организацијата имала комитети во поголемите градови во внатрешноста. Во август се одржало советување во Ресен.[33] Организационата територија оперативно биле поделена на револуционерни окрузи: Солунски, Битолски и Скопски, со окружни комитети[34] освен за првиот, раководени од Централниот комитет.[35]
Пред крајот на октомври Делчев дошол во Штип да го заземе посакуваното учителско место. Тогаш за првпат се сретнал со Даме Груев, учител во истото училиште кој го запознал со состојбата во Македонија и во Организацијата. При тоа самиот Делчев изјавил дека се вратил во татковината за да му служи на својот народ, да се посвети на револуционерна дејност.[36]
Организацијата била ограничена во градовите. Делчев се посветил на нејзино масовизирање, на ширење на Организацијата во внатрешноста. За организирање на селското население со систематска усна конспиративна револуционерна пропаганда во Штипско, а потоа и во другите реони. Со само нему својствена моќ да придобива за револуционерната ослободителна идеја, во Организацијата влегувале колективно цели села и формирал месни организации. Во почетокот на 1895 година во Виница веќе уредил таен прекуграничен канал. Во пролетта 1895 година отишол во Велес за лично да се запознае со состојбите во другите реони на Скопскиот револуционерен округ. Од Петар Поп Арсов бил информиран за општата состојба во Организацијата. Во Солун се состанал со претседателот Христо Татарчев.
Застојот во органнизационата дејнот бил евидентен. Од Солун отишол во Кукуш. Во Кукушко лично се ангажирал за ширење на организацијата, била собрана значителна парична помош со доброволни прилози.[37] При враќањето за Штип престојувал во Дојран, Гевгелија, Струмица и Радовиш кадешто тој ја продолжил агитацијата и формирал месни организации.[38]
Многу подобра била состојбата во Битолскиот револуционерен округ каде организацијата бележела подем, со дејноста на Пере Тошев[39] и Ѓорче Петров.[40] Се започнало со издавање на првите револуционерни хектографирани весници: „На Оружје!“[41], „Востаник“,[42] подоцна и „Бунтовник“[43] и др.
Создавањето на самостојно македонско револуционерно движење од владата на Бугарија и Бугарската егзархија било примено како закана за бугарското црковно училишно дело, следствено за бугарските претензии во Македонија. За да се спречи самостојниот развиток на Организацијата, во почетокот на 1895 година македонските емигрантски друштва во Бугарија биле поттикнати од владата[44] да се обединат. Во март било извршено обединувањето, избран раководен орган–Македонски комитет, со претседател Трајко Китанчев.[45] Организацијата била регистрирана кај властите како легална политичка организација во Бугарија.[46] Комитетот објавил дека ќе содејствува на ослободителното дело во Македонија, а со вистинска цел да дејствува во спроведувањето на бугарската државна политика.
Во организација навлегоа масовно офицери на бугарската армија,[47] интелектуалци и политичари по род Македонци[48] и Бугари.[49] Агитатори од Егзархијата во Македонија и групи оганизирани од Комитетот влезени од Бугарија за да го спречуваат самостојниот развитокот на македонското ослободителното дело. Пропагирале дека Македонија ќе биде ослободена од Бугарија со нејзината 200 илјадна армија.[50] Софискиот комитет уште во март 1895 година, веднаш по неговото формирање, започнал со уфрлување во Македонија и вооружени чети за изведување провокативни акции.[51] Објавил дека ќе дејствува за „автономија на Македонија“.[52]
Во почетокот на јули Дамјан Груев отпатувал во Бугарија за да се регулираат односите. Го известил Софискиот комитет дека Организацијата нема да толерира во Македонија дејност на други организации, да престане со обидите на мешање во внатрешните работи. Летото починал Трајко Китанчев, а Комитет под раководство на потпретседателот Наум Туфекчиев[53] продолжил со уфрлувањето вооружени чети во граничниот (со Бугарија) североисточниот дел на Македонија. Османлиските власти ја зголемиле мобилноста на безбедносните сили.
Во август во Солун се состанале водечките личности Дамјан Груев, Гоце Делчев Пере Тошев и Иван Хаџи Николов на советување што требало да се преземе за да се запрат провокативните акциии и мешање на Софискиот комитет во внатрешните работи на Организацијата.[54] Есента вооружени чети на Комитетот предводени од офицери на бугарската армија извеле поголема оружена акција, при што бил нападнат и градот Мелник. Во Бугарија било објавено пропагандно дека Македонскиот комитет кренал „востание“, наречено „Мелничко востание“. Оружената акција била изведена со двојна цел: да се запре за подолго време зацврстување на Организацијата во тие реони и за заплашување на Централниот комитет дека ќе бидат преземани такви акции за провоцирање востанија во Македонија. Но, многу побитно било, „востанието“ да послужи на владата за решавањето на акутното внатрешно државно прашање на Бугарија – меѓународното признавање на кнезот Фердинанд.
Навлезените чети не биле прифатени (како што се очекувало) и немале поддршка од македонското население, освен во малкуте села под присила. Разбиени и прогонувани од османлиската војска четите се вратиле на територијата на Бугарија. Настрадало македонското население, тероризирано од војската и од властите. Во октомври пропаднал и обидот на поручникот Александар Чакаров[55], кој влегол во Македонија и во Виница агитирал за кревање „востание“. Делчев предупредил на опасноста, барал да се спречуваат такви авантуристи на организационата територија.[56]
Македонската револуционерна организација се наоѓала во раната фаза на градење на организационата мрежа. Провокациите од Софискиот комитет биле примени како серозна закана. Затоа Гоце Делчев на враќање од Солун во Штип одново извршил инспекциска обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско.[57] До пред крајот на октомври 1895 година, за само една година, негова активна организациона дејност (за време на учителствувањето во Штип) била целосно изградена организациона мрежа насекаде во внатрешноста, по што веќе немало „ниту едно катче во Македонија“ што не било опфатено.[58] Во ноември Делчев веќе бил во инспекција на пограничното подрчје Берово-Пехчево за да ја провери сигурноста на прекугранична врска со Дупница и Ќустендил.[59]
Во декември 1895 година во Софија се одржал Вториот вонреден конгрес на организацијата на емигрантските друштва во Бугарија на кој бил избран нов состав на Софискиот комитет со претседател Данаил Николаев, генерал на бугарската војска.[60]. Конгресот го задолжил генералот Николаев да формира оперативен воен органгенералштаб од офицери на бугарската војска[61] за планирање и изведување оружени акции во Македонија[62] со средства од владата,[63] следствено од бугарската држава. Комитетот веднаш се преименува во Врховен македонски комитет.[64]
Со преименувањето, Врховниот македонски комитет објавил за јавноста, посебно за дипломатиите на европските Големи сили, дека во Македонија дејствува таен револуционерн комитет со комитети во внатрешноста на кои бил врховно легално раководство што (ќе) ги изразувало и застапувало интересите на „бугарското“ население. А на Централниот комитет во Солун дека (ќе) го презема раководењето со Организација во Македонија. Борбата била објавена.
Пред крајот на декември 1895 година Централниот комитет одлучил Организацијата да се спротивстави. Го ополномоштил Гоце Делчев, како свој претставник, да оди во Бугарија, во Софија, таму да дејствува за спречување Врховниот комитет да се меша во внатрешните работи на Организацијата.[65] Во почетокот на јануари 1896 година Делчев веќе бил во Бугарија. Во Ќустендил и во Дупница извршил проверка на функционалноста и безбедноста на пунктовите, при тоа им назначил раководители.[66]
Во втората половина на јануари Централниот комитет се обратил со возвратно писмо до Врховниот комитет за да ја соопшти позицијата на Организацијата. Во писмото по, искажаното жалење за судирот со офицерите и за расцепот што настанал на послениот нивни конгрес, Централниот комитет нагласувал дека од Софискиот комитет како и од целата македонска емиграција во Бугарија очекувал само материјална помош и оружје за Организацијата, дека Организацијата продолжувала со дејноста согласно својата програма за организирање и „подготвување на народот“ за самостојна оружена борба за ослободување и автономна држава Македонија.[67]
Во втората половина на февруари 1896 година Делчев престојувал во Софија за да го реши прашањето за набавка на оружје и муниција од и преку Бугарија, и нивно префрлување по каналите во Македонија,[68] потребно за создавање на подготвуваната воена организација на МРО. Имал средба со претседателот на Комитетот генералот Николаев. Му ја претставил Организацијата, нејзините цели и позиции, самостојноста и независноста на македонското ослободително дело, по што предупредил дека нема да дозволи мешање во внатрешните работи, посебно не Комитетот „да прави политика со Македонија“.[69] При тоа Делчев и лично се уверил колку сериозна опасност се заканувала од Врховниот комитет за македонското ослободително дело, за потребата да се засили дејноста и брзо надминување на идејните и институционалните слабостите, за зајакнување на отпорноста на Организацијата. Се вратил во Македонија.
Врховниот комитет со арогантно срочено писмо од 2 април (20 март) 1896 година до претседателот на ЦК Христо Татарчев соопштувал дека Комитетот заседавал на 20 (7) март и донесол решение дека го превземал врховното раководство со Револуционерната организација во Македонија, дека само со негова одлука Организацијата можела да изведува акции, дека Комитетот бил единствено надлежен да одреди ден за кревање на востание, а ЦК безпоговорно да ги спроведува одлуките, како негов извршен орган. Наложувал брзо постапување затоа што подготвувал, во „поблиска иднина,“ да превзема „сериозни акции“.[70]
Според тоа Врховниот комитет барал ултимативно од ЦК да му го предаде раководењето со Македонската револуционерна организација или „војна“, борба до уништување.
Набргу потоа, во април, во Битола бил уапсен курирот на Организацијата Андон (Доне) Тошев Стојанов,[71] соработник и доверливо лице на Гоце Делчев, на влезот во градот, по откривањето бомби во товарот. Се активирале безбедносните служби, полицијата превзела опсежна истрага. За апсењето во Битола Делчев разбрал во с. Виница, тргнат за Ќустендил, се вратил во Штип. Властите го уапсиле, па во недостиг на докази за замешаност бил ослободен.
На Организацијата ѝ преостанувало да се реорганизира и да се подготви за најавените акции на Софискиот Комитет. Се наложило брзо одржување конгрес на Организацијата за да се донесат потребните одлуки за да се преземат потребните долгорочни мерки за одбрана на самостојноста и независноста. Летото 1896 година заседавал (во Солун) Конгресот, со учество на членовите на ЦК[72] и делегати.[73] Учествувал и Гоце Делчев (во својство на делегат од Штип) и имал видна улога. Конгресот ги усвоил решенијата по прашањата од организационен карактер,[74] но и за одосот спрема софискиот Врховен комитет како посебно сложено прашање. Комитетот бил поддржуван од владата, од сите други државни и политички фактори во Бугарија. Организацијата сметаше на помошта од македонската емиграција. И не само тоа. За отворен судир во тој момент не располагала со потребните сили и средства. Освен тоа, во таков случај Организацијата само би се исцрпувала, ќе се забавувал развитокот на ослободителното дело. И при сето тоа на Конгресот бил заземен единствен став за решително спротивставување на секоја акција преземана од територијата на Бугарија. Тоа можело да се постигне само со отворање на постојано претставништво на Организацијата во Софија, кадешто биле планирани такви акции.[75]
На Конгресот Делчев и Ѓорче Петров биле избрани во новиот состав на Централниот комитет[76] и биле задолжени да изработат нов Устав и Правилник, што ќе одговарат на потребите на веќе достигнатиот степен од развитокот на Организацијата.[77] До крајот на годината Уставот бил изработен. [78]
Со Уставот биле утврдени целта на дејствувањето („со револуција да се извојува потполна политичка автономија“ на Македонија и Одринско[79], внатрешното уредување и раководењето со органите, телата и институциите, како и симболите на Организацијата. Со Правилникот биле доразработини уставните одредби за надлежностите, правата и обврските на органите (окружните, околиските, градските и селските месни комитети, тајната полиција, вооружени чети) и институциите (тајната пошта), вооружувањето, финансиите, судството и казнената материја на веќе воспоставена организациона структура на целата територија на Македонија.
Во почетокот на јули 1896 година бугарската влада знаела дека Револуционерната организација подготвувала револуција во Македонија.[80] Токму тогаш, летото 1896, биле произведени и првите бомби во леарницата с.Дедино, Радовишко, отворена од Димитар Зографов (од Прилеп, телеграфист во Софија), кој бил обучен за тоа.[81]
Од септември 1896 година Гоце Делчев бил главен учител во Банско. Во Разлошко и во поширокиот регион продолжувала засилено врховистичката пропаганда, па било потребно функционално зајакнување на организацијата. Пред крајот на ноември Делчев се откажа од учителската служба за целосно да се посвети на оперативно раководење со Организацијата.
Организацијата се нашла во положба да превземе системски мерки за да одговори на акциите на Софискиот комитет, да спречи мешање во внатрешните работи. Централниот комитет одлучил Организацијата да ја спроведе одлуката на Конгресот да се отвори Задгранично претставништво на Организајата во Бугарија за да ја следи активноста на Комитетот во Софија и да превзема потребни мерки.
Во декември Делчев бил ополномоштен за задграничен претставник. Тој таквата дожност неофицијализирано ја извршувал во почетокот на годината, ополномоштен од ЦК. Со отворење претставништво во Бугарија, Оганизацијата ја демонстрира својата самостојност и независност.
Во јануари 1897 година Делчев веќе бил во Бугарија. Како задграничен претставник тој раководел со пограничните пунктови, извршил инспекција на пунктот во Ќустендил, одржувал врски со македонските емигрантски друштва за добивање материјални средства и поединци – кадри за македонското ослободително дело, организирал набавување на оружје, муниција и експлозиви, и нивно пренесување, односно преминување во Македонија преку тајните канали.
На барање од Делчев Централниот комитет го ополномоштил Ѓорче Петров за втор задграничен претставик во претставништвото во Бугарија.[82] Пред крајот на март и тој пристигнал во Софија, му се придружил на Делчев да ги заштитуваат интересите на Организацијата и истата „да ја претставуваат пред надворешниот свет“.[83] Тогаш Уставот на Организацијата бил отпечатен, а потоа испратен во Македонија.[84]
Со браќата Иванови,[85] трговци со оружје, Делчев договорил Организацијата да добие поголемо количество од пушките „кримки“ исфрлени од употреба во бугарската армија. Претседателот на владата Константин Стоилов тоа лично го одобрил, со ветување дека ќе бидат дадени уште 3000 пушки и други 3000 од владата. Подоцна на Организацијата ѝ биле подарени од Иванови 4043 пушки „кримки“,[86] но без муниција, за бугарската влада „да ги држи конците“.[87] Истите биле пренесени преку тајните канали во Македонија. Предавањето на другите ветени пушки владата го условила, таа да определува каде ќе се распределувале.[88] Предавањето го запрела, и подготвувала апсење на Делчев и на Ѓорче Петров.[89] По предупредувањето од Централниот комитет, со писмо лично до претседателот Константин Стоилов, апсењето било откажано.[90]
Организацијата го зголемувала влијанието во црковно-училишните општини како единствени легални народни институции. Бугарската егзархија известувала во Софија дека Револуционерната организација станала нејзин „опасен враг“, дека се заканувала „да го разурне егзархиското дело“, барала да се отворат во Македонија бугарски претставништва.[91] Владата на Константин Стоилов и без тоа веќе одлучила да го преземе раководењето со бугарската пропаганда во Македонија за влијание врз Организацијата. Со таква намена во Македонија беа отворени (во Солун, Битола, Скопје, Сер) бугарски дипломатски агенции, официјално трговски агенции,[92] раководени (главно) од Македонци по род, докажани поддржувачи на големобугарската државна политика, членови и функционери на Врховниот комитет,[93] познати со раководителите на Организација за следење на нивната активност, за влијание и контрола за промена на карактерот ослободителното движење.[94]
Бугарската влада со комплетирањето на својата агентура во Македонија ја започна специјалната војна против Македонската револуционерна организација. По неуспехот на Врховниот комитет од Софија да го преземе раководењето со Организацијата било одлучено тоа да се изведе во Македонија. Во март 1897 година од егзархисти во Солун било формирано тајно Бугарско револуционерно братство под раководство на Иван Гарванов.[95] За да биде прифатливо истото подоцна било преименувано во Револуционерно братство[96] со задача во Македонија да формира филијали[97] да предизвикува судири, да подготви состојба да бидат прифатени во Организацијата, одвнатре да го преземат раководењето. Дејствувало кординирано со владата и со Врховниот комитет.[98]
Во почетокот на мај 1897 година воениот министер генералот Рачо Петров му кажал на Ѓорче Петров дека Бугарија договарала со Србија[99] поделба на сферите на влијанија,[100] со што предупредил дека Организацијата ако не постапува според „советите“ од владата, Бугарија ќе договорела поделба на Македонија. Предупредувањето било примено.[101] Потпишувањето на тајната бугарско-српска Спогодба,[102] не беше тајна, за тоа веќе пишувл весникот „Малешевски Балкан“ со остра осуда.[103]
Организацијата продолжила да се снабдува со оружје со сопствени средства.[104] Потребата за оружје и други борбени средства станувала сѐ поголема. Под непосредно раководство на Делчев во Осоговската Планина, во шумата до границата, кај с.Сабљар, Ќустендилско, во мај 1897 година била отворена тајна леарница за производство на бомби, наречена „фабрика“ за бомби.[105]
За оперативното раководење со Организацијата било потребно негово целосно ангажирање на таа должност на организационата територија, постојано престојување во внатрешноста. Затоа со Ѓорче Петров извршиле поделба на нивните задолженија како задгранични претставници. Ѓорче презел обврска за надворешните односи, да ја заштитува Организацијата, а со тоа и македонското ослободително дело од нападите од Бугарија[106]
Гоце Делчев се посветил на „внатрешноста“; на непосредно раководење со Организацијата, нејзиното јакнење со револуционерни кадри, за раководни кадри во револуционерните окрузи и околии, кадри за четите, функционирањето на пограничните пунктови и безбедноста на тајните канали во внатрешноста на Македонија за пренесување на оружјето и другите борбени средства и револуционерна литература, тајната пошта и др.
Есента 1897 година со Виничка провала[107] било откриено постоењето на тајната Македонска револуционерна организација во Скопскиот револуционерен округ, што ги изненадило властите на Османлиската држава. При спроведената истрага за откривање оружје, со масовните измачувања била разоткриена организационата мрежа. Раководните лица биле уапсени и осудени на тешки казни.[108]
Делчев дошол во округот, се движел меѓу населението да го охрабри и да ги воспостави раскинатите врски на организацијата.
Во 1898 година се зголемил бројот на вооружени чети, Организацијата се подготвувала за изведување „возвратни напади“ на акциите на Софискиот комитет. Во мај за тоа известува секретарот на Бугарската трговска агенција во Битола Тома Карајовов и предлагал да се преземаат мерки за спречување на нивно формирање, за да се спречи јакнење на Организацијата. Владата тоа го одобрила и го задолжила Карајовов Агенцијата со двојни напори да го спречува формирањето на „бугарски востанички чети“.[109]
Појавувањето на вооружените чети во реоните силно повлијае на моралот, особено кај селското население, кое најмногу страдаше од самоволието на властите и тероризирањето и ограбувањето од албански банди. Охрабрено населението и самото се вооружуваше решено да се бори.
Бугарското револуционерно братство изолирано се покажало немоќно да ја изврши поставената задача. Затоа било одлучено да се примени резервниот план Б, за етапно преземање на Организацијата. Врховниот комитет под претседателство на Борис Сарафов,[110] испратил свој претставник во Солун кај Централниот комитет да посредува за „помирување“ меѓу Братството и Организацијата (договорено со владата[111]) со ветување дека Братството ќе го запрело натамошното дејствување, по постигнувањето договор за обединување на „двете организации“. Во Солун отпатувал поручникот Иван Камбуров, посредникот на ВК. Централниот комитет за да се запрело натамошното дејствување на Братството на организационата територија, без да ја согледа вистинската цел и без да побара мислење и согласност од Делчев и Ѓорче Петров (членови на ЦК), прифатил спогодување. Братството се самораспуштило, неговите биле примени во Организацијата со формално полагање заклетва. На 16 септември 1899 година Христо Татарчев, Иван Гарванов и посредникот Камбуров потпишале Протокол, по што во ЦК бил кооптиран Јосиф Кондов, а Иван Гарванов во Окружниот комитет во Солун.[112] Превид на ЦК што се покажа фатален за Организацијата[113] и за македонското ослободително дело.[114]
Во октомври 1899 година окрузите добиле од Централниот комитет директива и Упатство со 14 одредби за формирање на постојани вооружени чети, согласно уставна обврска секој од окружните и од околиските комитети да имаат на располагање мобилна, односно мобилни чети, со задачи пропишани со посебен Правилник.[115] Со тоа започна создавање на оружените сили на Организацијата под раководство на Гоце Делчев.[116] До крајот на годината и во 1900 година на организационата територија биле основани, под непосредно раководство на Делчев, првите воени школи[117] за командни кадри за четите на Организацијата.
Летото во Организацијата биле примени како организирана група македонските револуционери социјалисти.[118]
Со двата претходно споменати акти останале не регулирани многу прашања за воената организација, посебно прашањето за унифицирање на организирањето и дејствувањето на четите, па Гоце Делчев (со учество на Ѓорче Петров) изработи посебен Правилник за четите.[119] Со Правилникот[120] била утврдена организацијата, раководењето и намената на четите, се создавала единствена мобилна оружена сила – армија на Организацијата раководена од Гоце Делчев, со должност врховен инспектор.[121] Со тоа Организацијата прераснала во масовна револуционерна организација (народно ослободително двжење на Македонија, со раководен центар во Солун), способна да го заштитува својот суверенитет на организационата територија.[122] Така била докомплетирана проектираната од Делчев национална македонската државотворна програма. Следуваше операционализацијата на стратегија за долгорочна оружена борба за ослободување[123] и создавање автономна (самостојна) држава Македонија. Стратегија со којашто се постигна Организацијата, со своите органи, со моќ на тајна држава во државата, да ги исцрпува силите на Османлиската држава западната во длабока економска и политичка криза, систематски да ја презема власта од нејзините органи, народот да го заштитува и да го подготви за слободен живот. Со така подготвен и вооружен народ со револуција да се извојува, при поволна меѓународна констелација, слобода и самостојна државност.
Делчев ја создал воената организација, го организираше воружувањето[124] и опремувањето на четите, а потоа и на народот. Летото 1900 година изврши инспекција во Струмичкиот револуционерен округ, а есента на организационата територија, во источниот, централниот и во западниот дел на Македонија.[125] Во почетокот на 1901 година бил во Горноџумајскиот револуционерен реон.[126]
Организацијата со постигнатиот степен на организираност и подготвеност, со решеноста да се бори со сопствени сили на организираниот народ со веќе развиена свест за своите интереси и кој посакувал своја самостојна држава, станала реален независен фактор во Македонија, што силно ги вознемирило бугарската влада и кнезот. Натамошното нејзино јакнење требало да се спречува и спречи со сите средства.
Врховниот комитет во почетокот на 1901 година ги вршел завршните подготовки за акција со офицерите за преземање на раководењето со Организацијата. По добро подготвената и суптилно изведена провала на Централниот комитет.[127] Извршена со уфрлениот незабележителен Милан Михалов (човек на Сарафов, претходно на служба во Врховниот комитет), кој извршувал административни работи во Централниот комитет.[128] Властите спровеле апсења, биле уасени и затворени членовите на ЦК. Иван Хаџи Николов (кој бил придобиен од капетанот Софрониј Стојанов[129] за време на неговиот престој во Солун) пред и тој да биде уапсен, „во момент на малодушност,“ целата документација на ЦК (архивата, шифрите, адресите за коресподенција и други материјали), како и веќе подготвените бланко полномоштва ги заверил со печат на ЦК и му ги предал на Иван Гарванов за да ги испрати на Врховниот комитет во Софија. Само така Сарафов со офицерите можеле да влезат на организационата територија, во Солун „да ги заменат уапсените членови на ЦК“.[130] Основано може да се смета дека тоа било.[131]
Гарванов пет бланко полномоштва со печат на ЦК испратил во Софија на Врховниот комитет,[132] а архивата со печатите на ЦК ги задржал и со тоа тој го презел раководењето со централизираната Организација. Веднаш после тоа Иван Гарванов со Димитар Мирчев и Спас Мартинов[133] (поранешни раководители на Бугарското револуционерно братство) се самопрогласиле за Централен комитет на Организацијата, додека Делчев се наоѓал во внатрешноста за да спречи растројство во Организацијата.
Делчев презел брзи мерки за да продолжи функционирањето на Организацијата без застој. Со шифрирано писмо ги известил окружните комитети за затворањето на членовите на ЦК и ги задолжил привремено да продолжат со дејноста самостојно, согласно програмата, до нова директива.[134] Организацијата била спасена од поголеми потреси.[135]
Сарафов во договор со Цончев бил подготвен со офицерите да го преземе раководењето со Организацијата. На нивното собрание биле повикани Делчев и Ѓорче Петров (задграничните претставници и членови на ЦК) за согласност двајца офицери да влезеле во ЦК, а 14-16 офицери во окружните раководства. Изјавиле дека организираното (селско) население било неспособно да се бори[136] со моќната османлиска војска, па тие офицери требало да го преземат раководењето во окрузите, да подготват состојба за „оружените сили што ќе навлезеле од Бугарија[137] под команда на генералмајорот Иван Цончев.[138] Соопштиле дека за тоа имале полномоштва од Солун за Врховниот комитет и предлог за формирање подвижен Централен комитет раководен од Сарафов во кој да влезел и Гоце Делчев. Одговорот на Делчев бил дека не ги признавал „тие работи.“[139] Со Ѓорче остро се спротивставиле, со предупредување дека на секој обид Организацијата ќе одговорела со својата оружена сила.[140] Влегувањето на офицерите било откажано.[141]
Делчев и Ѓорче Петров (од позиција на легални членови на ЦК) привремено ја презеле неговата улога. Со циркуларно писмо ги известиле окружните комитети дека ја преземаат надлежностите на Централниот комитет и ги задолжувале сите комитети на Организацијата (окружните, околиските, селските комитети) и војводите на четите за мобилност, да превземат мерки за одбрана: да спречуваат влегување на чета или чети во нивниот реон, а ако влезат да ги разоружаат доколку немале писмено одобрување потпишано од нив двајца; да немаат доверба и да ги спречуваат лицата испраќани од Врховниот комитет да вршат пропаганда на организационата територија; да ги прекинат сите врски со Врховниот комитет и со „неговите агенти“ крај границата; да осигураат куририте и пограничните работници строго да ја чуваат тајноста на внатрешните работи на Организацијата.[142]
И во таква состојба Организацијат била подготвена да спречи поголема провокација со навлегување на вооружени чети на Врховниот комитет.
Врховниот комитет, избран на вонредниот IX конгрес летото 1901 година во состав Стојан Михајловски претседател, генералот Иван Цончев (човек на кнезот Фердинанд и на владата на Стојан Данев) и потполковникот Стефан Николов – секретар, раководен од генералот Цончев, ги задолжил друштвата да обезбедат средства за опремување чети за влегување во Македонија. Арогантно изјавувал дека не признавал никаква Внатрешна организација.[143] Иван Гарванов, приврзаник на генералот Цончев, бил повикан во Софија за да договорат кревање востание. Гарванов и самиот сакал да се крене востание, но само додека тој бил претседател на Централниот комитет за „да ја има историската заслуга“ за кревање на востанието, да се претстави во Бугарија како водач на Организацијата.[144]
Во август Делчев се вратил во Македонија во инспекција на органите и телата на Организацијата и состојбата на оружените сили. Гарванов ги разрешил Делчев и Ѓорче Петров од должноста задгранични претставници, а ги назначил Петар (Туше) Делииванов[145] и Димитар Стефанов.[146] Тие поради подготвуваните вооружените акции против Организацијата, во декември 1901 година, со писмо го известиле претседателот на Врховниот комитетот дека Организацијата од 21 (8) декември ги прекинала врските.[147]
Во почетокот на 1902 година продолжило навлегување на вооружените чети и пропагандисти на Софискиот комитет во граничните реони, толерирано од Централниот комитет на Иван Гарванов. Во февруари реонските раководства добиле од Делчев (и Ѓорче Петров) и од Централниот комитет во Солун спротивставени инструкции за нивно постапување, што довело до забуна и привремен застој. Од Делчев било барано да ги посети реоните за средување на работите.[148]
За надминување на таа неодредена состојба во системот на раководењето Делчев (со Ѓорче Петров) веќе го преработиле Уставот и изработиле нов Правилник за четите.[149] Тие биле отпечатени и биле дистрибуирани за постапување по истите.
Во средината на јануари 1902 година Делчев бил во инспекциска обиколка на Битолскиот револуционерен округ. Тој во својство на врховен воен инспектор раководел со единиците на вооружените сили (четите)[150] преземал инспекциски обиколки на окрузите и реоните придружуван од посебна единица-„ревизорска чета“ или од реонска чета во рените во кои се движел. Одржува советувања со командниот состав, вршел распределувања и прераспределувања на војводите и на четите по реони, примал извештаи, издавал инструкции и др. Османлиските власти немоќни да го откријат неговото движење, објавија парична награда[151] за неговата глава.
Во четите се спроведувала редовна воена обука: основна обука за ракување со оружјето и другите борбени средства, и напредна обука – тактички вежби за извршување на нападни и одбрамбени борбени дејства во различни временски и теренски услови со надмоќни непријателски сили. Според Делчевата стратегија за долготрајна борба за идеалот за слобода и самостојна држава Македонија, идеал којшто ќе го следеле генерациите што доаѓале борците (комитите), биле решени да го следат својот веќе легендарен водач во борба под востаничко македонско знаме,[152] до последниот куршум, последната бомба,[153] да го исполнат заветот за татковината,[154] да се жртвуваат за светото дело.[155] Завет даван и при чинот на осветувањето на четите кои го симболизирале „воскреснатата Самоилова војска“.[156] За нивното дело „да се зачува за потомството“,[157] за генерациите македонски револуционери, борци за слободата на татковината. Со повремени мобилизациски вежби се проверувала борбената подготвеност на четите и на селските милиции во поширокиот реон. По откривањето на врховистичките чети и во внатрешноста на организационата територија, во март со наредбодавно писмо од Делчев четите на Организацијата биле ставени во мобилна состојба за одбрана на организационата територија.[158]
Во мај вооружени чети на Врховниот комитет навлегле во граничните рони: Џумајско, Петричко и во Малешевско да вршат пропаганда против Организацијата и да агитираат започнување вооружена борба, за започнување востание,[159] со ветување за подготвеност на бугарската војска со поддршка од Русија да ја ослободи Македонија.[160]
Во јуни 1902 година Делчев со Ѓорче Петров со oкружни писма (едното до сите револуционерни комитети на целата организациона територија, а другото до комитетите во загрозените реони)[161] предупредиле дека Софискиот комитет уфрлувал воружени чети (со луѓе и од внатрешноста) за да предизвикаат кревање предвремено востание во Македонија,[162] за да ја уништат Организацијата.[163] Да не им се верува на нивните ветувања за помош од Бугарија и од Русија,[164] да ги протеруваат. Да се сметаат само „на својата волја и сила“, на силата на организираниот народ, да не се крева реонско востание како Кресненското,[165] туку со обединети сили кога целиот народ ќе биде подготвен, да се води борбата за ослободување и автономија на Македонија.[166]
Во почетокот на јули Делчев бил известен[167] за преминување на сѐ поголем број чети, дека бугарската гранична полиција ги пропуштала, што упатувало дека Врховниот комитет подготвувал акција од големи размери.[168] Во Разлошко и во Мелничко врховистички чети го заплашувале и го присилувале населението во селата да им се присоединат[169] за да подготват ситуација да објават кревање на востание. Населението барало заштита. Организацијата била присилена да одговори со сила. Врховистичките чети во Мелничко во септември биле протерани од Сандански.[170]
Организацијата пртставувала внатрешно-политички фактор во Македонија. Европски Големи сили определени за одржување на статус-кво и од нив покровителствуваните за балканските држави: Бугарија, Грција и Србија (неподготвени за војна за освојување и поделба на Македонија), спроведувале координирани активни дејства во подршка на Османлиската држава за уништување на Македонската револуционерна организација, за да се прекинела оружената борба за ослободување и создавање на самостојна држава Македонија.
Во таква констелација бугарската влада одлучила работите да ги доведе до посакуваниот исход. Во септември бил повикан во Софија Иван Гарванов, кој тукушто го легализирал својот Централен комитет,[171] и подготвувал кревање востание во Македонија во содејство на Врховниот комитет, а според советите на владата. Во Софија биле договорени постапката за донесување одлука од ЦК за кревање востание во Македонија додека населението било не(доволно) вооружено, како и координирањето на активностите и акциите со Врховниот комитет за предизвикување состојба за тоа да се спроведе.
Според договореното подготвените вооружени чети на Врховниот комитет, предводени од офицери на бугарската војска, навлегле во Горноџумајско и во Петричко. Нападнале повеќе села од кои го мобилизирале месното население и на 6 октомври (23 септември) објавиле дека било кренато востание.[172] Организацијата презела мерки за нивно изолирање. Без поддршка, војската бргу ги разбила „востаничките“ чети кои во бегство се вратиле во Бугарија. Страдало недолжното македонско население во подрачја кадешто тие дејствувале. Во внатрешноста на Македонија полковникот Јанков влезен со четата, во Костурско да предизвика „востание“, бил разоружан од четите на Организацијата, а потоа спроведен до границата и вратен во Бугарија.[173]
Се покажало дека Гарванов немал авторитет во Организацијата која, под оперативно раководство на Делчев, била одлучна со своите вооружени чети да ја брани организационата територија. Во поддршка на Гарванов се активирале новопоставените задгранични претставници Христо Матов и Татарчев кои уште на заточение биле за кревање востание во Македонија. Пред крајот на ноември 1902 година Гарванов ги задолжил да ги исклучат Гоце Делчев и Ѓорче Петров да ја претставуваат Организацијата, да се во врска со бугарските државни фактори, да се советуваат со владата, посебно со нејзиниот претседател Стојан Данев, [174] а со врховните комитети да договорат„помирување“ за да се изведе „големо востание“ во Македонија.
Со Врховниот комитет на генералот Цончев се договориле, дале согласнот, за учество на неговите чети во подготвуваното востание за да не бидат спречени од силите на Организацијата да влезат во Македонија. Веднаш потоа Врховниот комитет со писмо (потпишано од сите членови) ги известил офицерите Македонци во армијата да се подготват за учество во ослободувањето, а за своето учество да известеле до 15 јануари 1903 година.[175] Во Софија на „советување“ повикал претставници на македонските друштва кои поддржувале кревање востание.
Гоце Делчев (кој тогаш бил во Софија) со Ѓорче Петров ги повикале Дамјан Груев и Пере Тошев во Софија заеднички да дејствуваат за запирање на извесната опасност за македонското ослободително дело. Отишол само Пере Тошев, Груев откажал.
Гарванов, кој претходно повикувал во Солун „да се советува“ лица од окрузите на Организацијата склони да поддржат кревање востание,[176] ангажирал свои „агенти“ да обезбедат истите во определеното време да бидат таму.[177] Откако тоа било обезбедено со службени писма (со назнака од Солун, двете од 6 јануари/24 декември), со едното ги известил задграничните претставници во Софија за решението на Централниот комитет за свикување општ конгрес, од нив се барало само нивна согласнот,[178] а со другот окружните комитети дека свикал општ конгрес во Солун, во јануари, за донесување одлука за кревање востание, а нив ги задолжил да ги започнат подготовките.[179]
Делчев на советувањето во Софија одржано по приемот на известувањето од Централиот комитет, со учество на „20-тина дејци“,[180] остро се спротивставил на одржувањето конгрес. По категоричното противставување и на Ѓорче, Пере Тошев и други, а Христо Матов, Христо Татарчев и Иван Хаџи Николов со поддржувачите се искажале за, мнозинството се изјаснило против кревање востание,[181] а со тоа и против одржување на закажаниот конгрес во Солун.
Делчев ја согледал опасноста. Не очекувал дека Централниот комитет ќе постапи според решението на мнозинството за откажување на конгресот, се вратил во Македонија да спроведе акција за спречување кревање на масовно востание.
На Конгресот во Солун, на последното заседание на 17 (4) јануари без негово учество и на другите легални членови на ЦК Ѓорче Петров и Пере Тошев, со делегати по повикување, само под притисок,[182] било изгласано решение за востание веќе во пролетта.
Во органите на организацијата не се знаело за случувањата во раководството, за акциите и вистинските цели на ЦК на Иван Гарванов. По добиеното писмо за востание, целиот механизам на строго централизираната Организација бил покренат. Веќе била создадена состојба пред револуција. Грчкиот битолски владика на 20 јануари известил дека населението се надевало на скорешно ослободување и формирање автономно кнежевство.[183]
Делчев се вратил во Македонија. Отишол во во Серскиот револуционерен округ. Тука разбрал за одлуката на Солунскиот конгрес за востание. Со Сандански се договориле да се преземат акции за отповикување. Пред заминувањето за Солун за последен пат да разговара со членовите на Централниот комитет, во с. Каракој (Неврокопско) под негово раководство било одржано советување окружното раководство и со војводите од Округот при што било договорено и одржувањето окружен конгрес.
Во Софија стравувале дека Делчев, со својот голем углед во Организацијата и авторитет кај војводите можел и по донесувањето на решението, да го спречи востанието. По толку години подготовки, ангажирани сили и потрошени средства без резултат, преостанувало само негово физичко отстранување. Но, не со ангажирање на лица,[184] применето неуспешно во 1901 година, туку во судир со војската, по предавство.[185] За тоа било преземено организирано негово следење за сето време на патувањето од Софија до Солун и потоа.
Во Солун имал средба со Дамјан Груев, туку што вратен од заточение, убеден дека заеднички можеле да спречат кревање масовно востание. Груев, веќе определен за востание, не се согласил со укажувањата на Делчев за извесните трагични последици за народот и за ослободителното дело. Се разделиле со зборовите што, наводно, ги кажал Груев: „поарно ужасен крај, отколку ужас без крај“.[186] По заминувањето од Солун на пат за Серско, на закажаниот окружниот конгрес, Делчев со придружбата влегол во с. Баница Серско. Предаден, по повеќечасовна борба со војската во опколено село, загинал на 4 мај 1903 година.[187] Веста за загинувањето на Делчев насекаде во Македонија била примена како најголема национална трагедија. Уште жив народот за него кажувале легенди и се пееја песни.[188]
*
Гоце Делчев беше организаторот, идеологот и предводник на македонското национално револуционерно ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Личност која целиот свој живот го посвети на Македонија и на својот македонски народ. Тој со апотолска мисионерска посветеност го просветли, го помири[189] и го обедини македонскиот народ, го поттикна неговиот слободарски дух, го охрабри јавно да ја декларира својата македонска националност, поединецот да извикува: „јас сум Македонец“,[190] му всади свест и верба дека може самостојно, со оружена борба со сопствените сили, да се избори за своето ослободување, идеал за слободен живот во своја самостојна држава Македонија.
Во колективната меморија на македонскиот народ Гоце Делчев е трајно запаметен, опеан како легендарен револуционер и народен предводник, син на мајка Македонија. Величан од сите генерации, вклучувајќи ја и сегашната наша млада генарација (најексплицитно од најмладите, со нивната „химна“-„Излези момче право на тераса, поздравија Гоцевата раса“). Така нашиот благодарен народ, кој знае и умее да се оддолжи на своите заслужни синови, го одреди заслуженото место во историјата на Македонија, така како и нашата историска наука.
Денес, кога Република Македонија повторно е деноминирана, македонскиот народ и македонската нација се понижени, нашата земја се одмакедончува, Гоцевата личност и дело се бугаризираат, Гоцевиот идеал за „Македонија на Македонците“ – македонизмот, во перспектива на време, останува безвременски.
[1] Од татко Никола Делчев (од Кукуш) и мајка Султана Нурџиева (од селото Мурарци, Кукушко).
[2] Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, I, Скопје, 1972, 53.
[3] Со 12 000 жители, од кои само 2оо турски семејства.
[4] Познатат по Кукушка унија од 1874 година.
[5] Повод да потсетиме за да не се заборава дека Кукуш, родно место на Делчев, градче без ниту едно евидентирано грчко семејство, во 1913 година, грчката армија при окупацијата на приморскиот дел на Македонија го разруши до темел, по што од градот останаа само урнатини. Петар Стојановски, Македонија во времето на Балканските и Првата светска војна (1912-1918),Скопје, 1969,209-210.
[6] Од Прилеп.
[7] Од Прилеп. Во 1885 година заедно со Пере Тошев учествувале во ученичкиот бунт, затоа и двај-цата биле исклучени од гимназијата.
[8] Барале „отфрлање на бугарскиот јазик и воведување на македонскиот “дијалект“ во наставата“. (Димитар Димески,Гоце Делчев, Битола,1988, 17).
[9][9] Меѓу нив Груев, Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев и др.
[10] Во момент кога некој ученик во гимназијата се искажал со потсмев, Делчев жестоко реагирал, го предупредил со сборовите: „Овчја главо, запомни, пред оние на кои им ја должиш можноста да напишеш до своето име човек, треба да ја симнеш капата и кога псуеш!“ (П. К. Јаворов, Гоце Делчев, София, 1972, 20).
[11] К(онстантин) Кондовъ (од Прилеп), Гоце Делчевъ и другарите му, сб. Илинденъ, София, 1926, 139-140.
[12] Од Охрид.
[13] Од. с. Богомила, Велешко.
[14] Од Кукуш, приморски дел на Македонија.
[15] Од Ново Село, Штипско.
[16] Од Прилеп.
[17] Од 1890/1891 година .
[18] Уставот и Правилникт на Младата македонска дружина од 1894 година, Историја, Скопј, 1995/1996, бр. 1-4,75-81
[19] П. П. Арсовъ, Произходотъ на революционното движение в Македония, Бюлетинъ, София, 19 VII 1919, 3.
[20] „Само еден силен отпор од наша страна може да нѐ зачува од грабливите посегања. … За тоа нам ни се потребни сили, а нашите сили се разнишани, раздробени. Треба да се обединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила-народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина. Тое треба да биде стремеж на секој чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој“. (Програмски принципи на Младата македонска книжевна дружина, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1, Скопје, 1981,299).
[21] Во 1894 година Младата македонска дружина ја обновила културнонационалната дејност. Дејноста била регулиирана со Устав и Правилник. (Михајло Миноски , Уставот и Правилникот на Младата македонска дружина.., 75-81).
[22] Публицист и новинар, уредник на познатите македонски весници: „Македонија“, „Глас Маке-донски, „Борба“ и др.
[23] Михајло Миноски, Внатрешната Македонска револуционерна организација од основањето до Илинденското востание, Сто години ВМРО, Скопје, 1993,32.
[24] Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за независна држава ,1, Скопје, 1981, 321-322.
[25] По завршните испити била донесена одлука да се одложи произведувањето во офицери за следната година за целата класа завршени питомци. Одлуката предизвикала остра реакција од питомците со анонимни писма со осуда упатени до воениот министер. За таквата постапка биле осумничени членови на кружокот, меѓу кои и Гоце Делчев.
[26] Заповед на Военото учили е,Nо 167/ 24 септември 1894, София. ЦВА В.Трново, ф. 1521, оп. 1, а.е.47.
[27] Од Ресен.
[28] Од Гуменџе Ениџевардарско.
[29] Од с. Ај ватово, Солунско.
[30] Петар Поп Арсов го изработил нацртот на Уставот , по расправата, истиот бил усвоен. Ори-гинален текст сеуште не е откриен. Груев во своите спомени пишува дека шестемина заеднички изработиле „Правилник-Устав“. Даме Груев (Истражувања и материјал), Битола, 1981, 18.
[31] Прилог кон прашањето за името на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (1893-1896), Прилози на МАНУ, Скопје, 1996/XXVI , 2. 71-82.
[32] Претседател Христо Татарчев, секретар-благајник Дамјан Груев.
[33] Од 28-31 (15-18) август 1894година.
[34] На Скопскиот револуционерен округ со седиште во Штип, кадешто организацијата била нај-силна.
[35] М. Миноски, Внатрешната револуционерна организацијата од основањето до Илинденското востание..,34-35. Оттогаш со така создадената легална политичковоена организација (со маке-донско име) раководеаа бугарски генерали и интелектуалци, со исклучок на еден краток период кога претседател на Врховниот комитет беше Борис Сарафов.
[36] Делчев: „Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот ? Дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Маке-донија?“ (Крум Христов, Гоце Делчев, Софи, 1955, 85; Д. Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1992,61).
[37] Туше Делииванов, Спомени за Гоце Делчев.., София, 1981, 130-131.
[38] Д. Димески, Гоце Делчев.., 64.
[39] Михајло Миноски, Петар-Пере Тошев,Совеста на револуционерна Македонија, Скопје, 2013, 22-39.
[40] Михајло Миноски, Ѓорче Петров, Разумот на револуционерна Македонија, Скопје, 2014, 19-24.
[41] Во Битола, уредуван од Ѓорче Петров.
[42] Во Солун, издаван од Даме Груев.
[43] Издаван од Ѓорче Петров во Софија во 1898 година.
[44] На д-р Константин Стоилов (1894-1899 год.). . Карајовов: „Сегашната бугарска влада е моралниот соучесник и поттикнувач на движењето“ (ВМОРО /1893-1919 г./, 109. Тајно писмо од ВМК до Централниот македонски револуционерен комитет во Солун од 10 јануари 1896 /28 декември 1895/ година).
[45] Макеонец по род, од с. Подмочани Ресенско.
[46] „Со двоен карактер: таа е тајна и јавна, со главен центар Софија. Оттука произлегува дека за успх на де-лото е потребно поголемиот дел од нашите акции да се покриени со мракот на тајноста“. (ВМОРО (1893-1919 Г.), 1, 1, 107. Тајно писмо од Врховниот македонски комитет до Централниот македонски револуционерен комитет во Солун, Софија, 10 јануари 1896 /28 декември 1895/ го-дина, потпишано од секретарот на Комитетот Т. Карајовов ).
[47] Офицери: Борис Сарафов (од с. Либјахово, Неврокопско) претседател на ВК, потполк. Анастас Јанков (од с. Загоричани, Костурско), потполков. Стефан Николов (од Прилеп), Тодор Александров (од. Ново Село, Штипско). Јордан Венедиктов (д с. Бања, Разлошко), капет. Александар Протогеров (од Охрид), капет. Христо Саракинов (од Воден), капет. –(од Разлог) секретар на ВК, поруч. Владислав (Славчо) Ковачев (од Штип); поруч. Петар Дарвингов (од Кукуш),пор. Софрони Стојанов (од с. Цер, Кичевско).; морн. офицер Тодор Саев (од с. Белица, Разлошко) и др.
[48] Интелектуалци и политичари: Инж. Христо Станишев (од Кукуш) претседател на ВК, Андреј Лјапчев (од Ресен) економист, публицист, редактор на в-кот „Реформи“, политичар од Де-мократската партија, министер за трговија и земјоделие (1908-1910), за финансии (1910-1911), подоцна воен министер 1918-1919, преседател на влада (1926-1931); Павел Генадиев (од Битола) ,член на ВК и на Народнолибералната (стаболистичка) партија (претседател неговиот брат д-р, Никола Генадиев кој бил министер за правосудство, за трговија и земјодели и за надворешни работи). Јосиф Ковачев (од Штип), професор на Софискиот универзитет, главен секретар на Министерството за внатрешни работи, член на Државниот совет; д-рАлександар Радев (од Битола) правник, член на Врховниот комитет, бугарски политичар, министер за правосудство (1901-1902) и за просвета (1902-1903); Димитар Ризов (од Битола), публицист, новинар и дипломат: трговски агент во Скопје (1897-1899), претставник во Цетиње (1903-1905), во Белград (1903), Атина (1908), Рим (1908, 1910) и др. Симеон Радев (од Ресен) публицист, дипломат, член на ВК, подржувач и на ВМОРО (1901-1903).Тома Карајовев (од Скопје) редактор на весниците „Право“ и „Автономија“, потпретседател на ВК, претсерател на Бугарските конституциони клубови. Димитар Матов (од Велес) претседател на ВК. д-р Георги Паунчев (од Охрид) член и секретар на ВК. Илија Георгов (од Велес), правник, член на ВК и на Радикална партија; Наум Туфекчиев (од Ресен) подпретседател на ВК, трговец со оружје), Коне Самарџиев (од Прилеп), книжар,и печатар, член на Бугарското револуционерно братство во Солуни др.
[49] Генерал Данаил Николаев, генер. Иван Цончев, капет. Љубомир Стојанчев; капетан Јурдан Стојанов, поручник Стојчо Гаруфалов, поруч. Иван Камбуров, поруч. Антон Бозуков и др.
Интелектуалци: Стојан Михајловски претседател на ВК, професор, поет, публицист, пратеник во бугарското собрание. Иван Гарванов член на Бугарското револуционерно братство (филијала на ВК) во Солун, претседател на ЦК на ВМОРО и др..
[50] Со таква мисија имал Коне Самарџиев (од Прилеп) во пролетта 1895 година (Ѓорче Петров, Спомени коресподенција, Скопје, 1984, 63).
[51] Со таква задача во Прилепско пристигнала вооружена чета предводена од некогашнииот (од 1883 год.) прилепски војвода Димо, викан Дедото (Михајло Миноски, Петар-Пере Тошев, совеста на револуционерна Македонија, Скопје, 2013, 33).
[52] На истото место, 33.
[53] Од Ресен, познат трговец со оружје.
[54] М. Миноски, Пере Тошев..,37.
[55] Македонец по род, од Штип.
[56] Делчев: Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (поручник на бугарската војска) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! …Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. .. Ако востание можеше да се крвене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка“. … Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, којашто има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено“. ( Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1, 325. Писмо од ѐделчев до Ефрем Каранов (од Кратово).
[57] Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, 1, Скопје, 1972,134; Д. Димески, Гоце Делчев, 72.
[58] Делчев: „Во Македонија се развива систематска агитација агитација што има земено гоеми размери. Нема ниту едно катче во Македонија што не е опфатено“. Во врска со непримерната пропаганда на поручникот Чакаров Делчев пишувал: „ослободувањето на Македонија се крие во внатрешно то востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже себеси и другите ги лаже“. (Гоце Делчев, Преписка. (Редакција Христо Андонов-Полјански,Скопје, 1972,, 9-14; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1, 324-328. Писмо на Гоце Делчев од Штип до Ефрем Каранов, претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил).
[59] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев, 1, 136.
[60] Воен министер на Бугарија (1886-1887 и 1907-1911 година.
[61] Од резервниот состав и од офицерите учесници во оружената акција во Малничко претходната година.
[62] ВМОРО (1893-1919 г./, 112.
[63] На истото место, 111-112.
[64] ВМОРО (1893-1919 г./,110.
[65] М. Миноски, ВМРО од основањето до Илинденското востание..,36.
[66] Никола Зографов ( од с. Ореовец, Велешко) на првиот, а Никола Малешевски (од Берово)на вториот пункт.
[67] Татарчев-Груев: „Ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на нашата програма иостануваме согласни со сите кои ја споделуваат нашата девиза“. (М. Миноски, Прилог кон прашањето за имеро на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (1893-1896), Прилози на МАНУXXVI, 2, Скоопје, 1996, 76-78. Писмо од ЦК од 20 јануари 1896 год., до генералот Николаев претседател на Врх. М. комитет во Софија).
[68] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев,1982, 70.
[69] Делчев: „Ние, знаете кои сме ние; селаните, македонското население, народот. Ние не правиме и не можеме да правиме полигтика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас е живот или смрт. Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живеееме или да умреме и кога.решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подигне востание , ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека. … Знајте ние не бараме по-кровители, уште помалку господари!“ (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1,329).
[70] ВМОРО (1893-1919 г.), I,1, Софи, 2007, 121-122., Писмото објавено без потпис. На 22 март следувало ново писмо до претседателот на ЦК ,потпишано од секретарот на ВК Тома Карајовоев, со кое ВК настапил како наредбодавен. Го известувал дека Комитетот изработил „Белешки за реформи во Македонија“, истите ги испраќал во прилог, дека истите биле претставени на „некои видни политички личности “ во Бугарија за да превземеле дипломатска акција, а доколку не се добиел посакуван резултат, Комитетот се заканувал да „други средства“. Го задолжувал ЦК истите да ги испрати на „потчинетите комитети“. (На истото место, 122-123).
[71] Од Штип.
[72] Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, и Ѓорче Петров
[73] Делчев, Пере Тошев (делегат од Битола), Петар Поп Арсов(делегат од Прилеп), Христо Матов (делегат од Скопје), Васил Думев (делегат од Велес), Кирил Прличев (делегат од Воден), Васил Калајчев (делегат ос Сер)и Христо Поп Коцев (делегат од Одрин).
[74] Во ситуација кога Организацијата ѝ претстоеше долгорочна оружена ослободителн борба против Османлиската држава, а во исто време и со пропагандите од Бугарија (Врговниот комитет, Бу-гарското револуционерно братство и Егзархијата, Грција и Србија кои иподготвуваа терен за-владување и поделба на Македонија, Конгресот одлучи да се вклучи и Одринско,чиешто словенско православно население се најдуваше во иста положба. После тоа го промен името на Орга-низацијата во Тајна македонско-одринска револуционернаорганизација (ТМОРО) и нова управна поделба. Место постоечките три се формирале седум револуционерни окрузи (Солунски, Би- толски, Скопски, Штипски, Струмички, Серски и Одрински. Подоцна Штипскиот округ бил укинат.
[75] М. Миноски, Ѓорче Петров., 41.
[76] Во ЦК биле повторно избрани Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров.
[77] М. Миноски, Ѓорче Петров..,32.
[78] Устав на Тайюяната Македоно-Одринска Революционна Организация, (ИНИ, Одделение за до-кументација,Ин.бр. 10928/59).
[79] Устав, чл.1,
[80] Претседателот на владата Стоилов во својот дневник: „Им апочва за револуција во Македонија. Владата треба да ги држи конците“. (Д-р Константин Стоилов, Дневник,II, София, 1896, 307).
[81] Спомени на Ѓорче Петров..,51 М. Миноски, Ѓорче Петров.., 36.
[82] Александар Христов, Создавањето на Задграничното претставништво на ВМРО, Прилози за историјата на македонската политичка мисла (1878-1919), Скопје, 1982, 235.
[83] М. Миноски, Ѓорче Петров..,41..
[84] Спомени на Ѓорче Петров.., 48. Ѓорче кажува дека откко тој пристигнал во Софија со Делчев Уставот го из-работиле, а тој го отпечатил
[85] Од Банско.
[86] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 47.
[87] Стоилов во својот дневник: „Им апочва за револуција во Македонија. Владата треба да ги држи конците“. (Д-р Константин Стоилов, Дневник,II, 307).
[88] Спомени на Ѓорче.., 5.
[89] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 48.
[90] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 47-48.
[91] Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1950, 54
[92] Бугарија не беше вазално кнежевство и во Македонија можеше да отвора само трговски агенции.
[93] Како Димитар Ризов, Томо Карајовев, Никола Наумов и др.
[94] (М. Миноски, Ѓорче Петров..,36).
[95] Во раководството биле уште: Димитар Мирчев, Неделко (Делчо) Колушев, Јосиф Кондов, Христо Танчев, Анастас Наумов и Христо Ганов (М. Миноски, Пере Тошев..,47).
[96] Бугарин од Стара Загора.
[97] Создадени во Прилеп, во Кавадарци, во Велес и во Сер.
[98] Д. Димески, Гоце Делчев,..,99-100.
[99] Бугарија не договарала, туку потпишала со Србија во Софија, уште во февруари, тајна Спогодба за поделба на сферите на влијание во Македонија. (Македонија во билатералните и мулти-лаатерални договори на балканските држави, 1861-1913, Скопје,2000, 117-118).
[100] Ѓорче Петров останал вџашен од тоа што бугарскиот министер му открил таква државна тајна. Разумно објаснување нашол во тоа дека генералот тоа го кажал од невнимание. Ѓорче: „Рачо (Петров) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија. Се гледа дека нѐ сметаа за деца, осмелувајќи се да ни зборуваат за такво нешто. Јас молчев, тоа беше систем, но овој и слични призраци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење“.Спомени на Ѓорче Перов.., 58).
[101] Ѓорче: „Тоа не натера да бидеме уште попретпазливи и посамостојни во своите дејствија, да не даваме можност да се прават слични комбинации на сметка на Македонија“. (Спомени на Ѓорче Петров.., 58).
[102] Во Софија, во февруари 1897 година. (Македонија во билатералните и мултилатерални договори на балканските држави, Скопје, 2000,, 117-118.
[103] „Бугарите и Србите требаше да го напуштат своето досегашно поведение, коешто е за осуда. … Пред соблазната перспектива за нашето идно поробување од едната од нив, тие направија сојуз со цел да нѐ разделат како една несвесна маса, за да можат понатаму слободно да не експлоатираат. Нешто повеќе, тие направија и продолжуваат да прават на наша сметка престапи коишто, убаво нека запомнат, со најцрни бои ќе бидат предадени на идните поколенија од современиот историчар … Тие го фрлија во нашита средина јабокото на расправии и без тоа нашите слаби сили и уште ја имаат дрскоста да нѝ се претставуваат за такви што ни го сакаат доброто! Тие го посејаа сред нас семето на расправии, признаа еди од нас за Срби, други за Бугари, инспирираа некои од нас да ги поддржуваат со своите агитации и нашите непријателски односи, и етети го нашиот најголем пораз. .. Една молба кон сите Македонци: не давајте пат на вештачки поддржуваните кај нас непристојни страсти, пред мислата за силата на нашиот непријател против кои има да се бориме. Да не правиме разлика меѓу нас со некакви Срби или Бугари, зошто сите пред сѐ друго сме Македонци“. („Малешевски Балкан“ , орган на македонските борци, I, 16, 1897, 1; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност..,335-336).
[104] Безбедувано од членски вложувања, добровлни прилози,. Во втората фаза кога се зголемиле потребите и со воведување револуционерен данок. (Еден оригинален документ за дејноста на ВМРО. Соопштува Павле Митревски, Гласник на ИНИ, I, 2, Скопје, 1961, 279-280).
[105] М. Миноски, Ѓорче Петров..,43.
[106] Да следи политиката на владата и другите државни фактори спрема Македонија и македонското прашање, однесувањето на релеватните политичките партии, јавното мислење, пишувањето на печатот, активноста и акциите на Врховниот комитет и сл.
[107] За Виничката провала повеќе: М ихајло Миноски- Ѓорги, Стојчевски, Австриски документи за Виничката афера, Гласник на ИНИ, 2-3, Скопје, 1981; Александар Апостолов, Виничката афера, Виница, 1997 година; Македони я и Одринско 1893-1903. Мемоар на Вътрешната организация, София, 1904.
[108] М. Миноски, Прилог кон прашањето за положбата на македонските револуционери Петар Поп Арсов, Мише Развигоров и Ал. Коцев во злогласниот турски затвор Подрум-Кале, Гласник на ИНИ, 2, Скопје, 1976.
[109] Теодоров (вршителот на работите министер за надворешни работи): „За попречување на секој стремеж за формирање на бугарски востанички чети.., Ви препорачувам не само да продолжите, туку и двојно да ги зголемите , ако е тоа можно, вашите усилби за постигнување на целта“. (Писмо од 4 јуни (22 мај) 1898 година, Величко Георгиев-Стойко Трифонов, Македония и Тракия во боба за свобода.., нови документи, София, 1995, 23).
[110] Избран на Шестиот вонреден конгрес одржан од 1-5 мај 1899 година. Според сведоштвото на Ѓорче Петров тој со Делчев битно повлијаеле за неговиот избор како Македонец по род. Секако по претходно дадени ветувања од Сарафов за односите со Ор-ганизацијата. Ѓорче: „Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт“. (Спомени на Ѓорче..,78).
[111] На барање од воениот министер-генералот Раачо Петров и и министерот за внатрешни работи Васил Радославов, во Софија бил повикан Иван Гарванов за во Врховниот комитет да го договорат посредување на Комитетот за „помирување“. (Р. Псков, Борис Сарафов 1872-1907, София, 1983, 77).
[112] М. Миноски, Ѓорче Петров..,71-73.
[113] Иван Гарванов, незадоволен што тој не бил примен во Централниот комитет, а и по директиви од Софија, во содејство со Егзархијата,продолжил со членовите од неговото Братство тајно да дејствува против Организација одвнатре. Од поранешните приврзаници во внатрешноста биле формирани фракционерски комитети, од внатрешни врховисти. (М. Миноски, Ѓорче Петров..,74).
[114] За Ѓорче Петров нивното влегување во Организацијата, претставувало „втерување на волкот в тр-ло“.(Спомени на Ѓорче, 107).
[115] Устав, чл.11: „Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, со задачи на кои се определува со посебен Правилник“.
[116] Ванчо Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје,2000, 408.
[117] В. Стојчев, Воена историја..,408.
[118] За тоа повеќе кај Крсте Битоски,Околу прашањето за вклучување на на македонските социјалисти воМакедонската револуционерна организација, Прилози за Илинден 1876/1877, Крушево, 1978, 199-208.
[119] Т.Петров – Б. Николов, Новооткрити правилници за четите на ВМОРО, изработени преди 1901 година, Исторически преглед, 3, Софи, 1988-71-84: М. Миноски, Ѓорче Петров, 76.
[120] Правилник за четите на Таната Македоно-Одринска Рев. Организаци (ДАРМ, М.320; Пра-вилник за формирање тајни чети во трите вилаети (Документи од Виенската архива за Македонија (Ред. Томо Томоски), Скопје, 1955, 90-111). Со правилнокот беа утврдени задачите на четите:
- Револуционернопропагандни и организациски: да ја шири револусонерната идеја и да ја обаснува целта на револуционерната борба, да формира месни организации во населените места кадешто немало такви, да организира избори за управниите тела.
- Егзекутивни задачи: да го заштитува суверенитетот на организационата територија од вооружени групи и чети. Да ги разоружува и протерува од организационата територија.
- Воени задачи: да го организира и да го помага месното население за самовооружување; да го обезбедува пренесувањето на оружето и другите борбени средства, да врши нивна рас-пределба и да го контролира нивното одржување, да спроведува редовна воена обука за членовите на Организацијата и обуга на борбеноспособното население за ракување со оружје, одржување воена дисциплина. Во воени услови, при востание , први да го кренат востаничкото знаме и да бидат ударната сила на востаничките единици, да го јакнат борбениот морал на востаничките борци во најтешките моменти за времен на борбите. Секој припадника на чета беше должен да биде пример, „образец за вистински народрн борец за слободата на таковината“.
[121] М. Миноски; Ѓорче Петров, 76.
[122] М. Миноски, ВМРО од основање..,42-45.
[123] Заснована на реалноста за внагрешната ситуација и меѓународната констелација, кога сите големи сили беа единствени за зачувување на статус-квото на Балканот, следствено одржување на територијалниот интегритет на Османлиската држава, а соседните балкански држави Бугарија, Грција и Србија настапуваа сѐ поагресивно за создавање во Македонија на свери на свои интереси и подготвуваа нејзина поделба, само со една таква стратегија можеше да се смета на успех на ослободително дело.
[124] Оружјето, експлозивите и другите борбени средства беа набавувани (купувани) од европските држави и пренесувани во Македонија преку тајните канали.на Организацијата. Во земјата беа организирани тајни работилници во с. Дедино (Радовишко), во с. Смрдеш (Костурско), како и во крајграничното с. Сабљар (Кустендилско) во Бугарија, за производство на куршуми, бомби и други експозивни направи. Во повеќе градови во Македонија имаш работилници за поправка на оручје, за изработа на опрема и облека.
[125] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев, Скопје, 1982, 71.
[126] На истото место, 72.
[127] М. Пандевски: „Извршена од емисари на Б. Сарафов“. (Манол Пандевски, Илинденското востание во Македонија 1903 година, Скопје, 1978, 112. Според Магдермот: „Виновник за тоа бил еден човек (Милан Михајлов-б.н) кој пред тоа бил службеник на Врховниот комитет во Софија. … Тој бил уапсен ина Турците им дал целосни сведенија за членовите на ЦК (М. Магдермот, За свобода.., 57-58, бел. 21).
[128] М. Миноски Ѓорче Петров..,90.
[129] За тоа повеќе М. Миноски, Ѓорче Петров..,88-89.
[130] Спомени на Ѓорче.., 107.
[131] Според Манол пандевски тоа било договорено од Иван Хаџи Николов со Матов и Татарчев „по првите апсења“. (М. Пандевски, Илинденското востание..,114).
[132] Гарванов: „На втората средба, кај воденицата на Латини, решивме да испратим на ВК во Софија пет бланка со печат за да им послужат како полномоштва на офицерите кои требаше да влезат во земјата за инструктори“. (Изъ македонското революционно движение.., 2; М. Миноски, Ѓорче Петров.., 93, бел.539).
[133] Од Битола.
[134] Ахил (Делчев , до окружните комитети): „Централниот комитет е речиси целиот окован во вериги. Го-лемо растројство има таму (во Солун). Привремено секн реонда дејствува на своја одговорност, без да се оддалечува од основната програма, подоцна ќе добиете окружно со коешто ќе ви се даде поцелосно осветлување на сегашната положба на работите“. (Гоце Делчев.., преписка. 110).
[135] Останува отворено прашањето зошто Делчев со Ѓорче Петров не спроведоа избор на Централен комитет, туку го толерирале самопрогласениот Централен комитет на Иван Гарванов. Спорд Ѓорче Петров за тоа се застапиле Матов, Татарчев и Хаџи Николов кои „го наговориле Дамета (во затвор) да му се предаде ЦК на Гарвнов и го задолжиле да ми пиши да ме убеди да го признаам Гарванов. „Јас добив (во офија-ММ) такво писмо од Дамета во кое ми препорачуваше да бидам малку поотстаплив спрема Цончевистите, зошто после овие затворања, после оваа афера не ќе можеме да се бориме со нив, дека овие можат да аја разрушат Организацијата ако ја нападнат сега, кога ќе го признаеме Гарванов ќе омекне, ќе го обезоружиме да престане да се бори со нас.Затоа да сум го признаел Гарванов. … Јас го разбрав само тос оти Груев паднал со духот.., дека се плашат од ВК тука и од Гарванов внатре, и уште, дека тој свикнал веќе со мислата дека брзо ќе се дигне востание. Имаше веќе умствен и морален упадок кај Дамета. Причина за оваа појава се закоренетиот во него и во неговите другари поим дека во ЦК лежи сета сила на Организацијата,а не во нејзините единиц; ооколиските комитети и разните војводи и дејци во местата. Мтов и др. Тие си ја претставуваа организацијата како мрежа која., штом ќе се раскине по среде, ќе се растури – државнички пои. …Јас гледав инаку, не ѝ го давав то значење на централизацијата.“ (Спомени на Ѓорче…, 107-108).
[136] Ѓорче Петров: „Населението внатре го сметаа за невредно, неспособно да се бори, како што мислеше и стариот ВК“. (Спомени на Ѓорче..,93).
[137] М. Магдермот: „Во Врховниот комитет тоа прашање било разгледано од дваесетина офицери меѓу нив Сарафов и Цончев, тајно, без знаење на претставниците бна Внатрешната организација. Договориле Македонија да биде поделена на 14 реони, секој под команда на офицер, а Цончев да мобилизира доброволци од составот на резервните офицери“. (М. Магдемот, За свобода и съвр-шенство.., София , 1987, 53).
[138] Р. Пасков, Борис Сарафов,.. 96.
[139] Сарафов: „Тој (Делчев) велеше дека не ги признава тие работи, тоа решение на Солунскиот комитет, што било донесено во момент на на неговото апсење. И навистина оние во Солун си помислиле дека пропаѓа сѐ кога ќе ги уапсат. Тие нѝ предлагаа да формираме еден подвижен ЦК, во чиј состав да бидам јас, Делчев и Ефрем Чучков“ (Спомени на И.Х. Николов … Б. Сарафов..,150).
[140] Ѓорче; „Ние отворено им кажавме дека оти сме ја разбрале тенденцијата, не го примаме тоа, ќе се бориме“. (Спомени наЃорче..,93).
Делчев: Нема да допуштам офицер во Организацијата и во Комитетот (ЦК). Ако на чело застане Цончев и вие заминете во Македонија, ќе ве пречекаат бајонетите на Ор-ганизацијата“. (Спомени наИ. Х. Николов .., Борис Сарафов.., Скопје, 1995, 150).
Делчев (споре Димо Хаџи Димов): „Додека моето рамо крепи пушка, Македонија е не-достапна за бугарски офицер“. (Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, Скопје, 1984, 206).
[141] Сарафов: „Бидејќи Делчвв се спротивставуваше на тоа и постоеше такво расположение (тогаш под негово раковоство беа четите, тој беше назначен за инспектор на четите), од тоа не беше ништо“. (Спомени на И. Х. Николов.., Б. Сарафов.., 150).
[142]Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност..,1,352-353.
[143] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 109,
[144] Ѓорче: „Гарванов беше славољубив, да има востание во Македонија додека тој е на чело на ЦК“. (Спомени на Ѓорче, 122).
[145] Од Кукуш.
[146] Од Караагач, Болградско.
[147] Из архивата баГоце Делчев .., Софи, 2003.532,534-535.
[148] Раководителот на Стрмичкиот револуционерен округ Георги Варналиев-Македонски до Делчев (во Костурско): „Од моево писмо кога ќе го добиете ќе видите дека има потреба да нѐ посетите за да го потсредите нашиов реон“. (Из архивата на Гоце Делчев..,69).
[149] Во Серескиот револуционерен округ бидејќи Правилникот за четите не бил добиен,а потребите налагале измени во постоечкиот Правилник за четите од 1900 година, Сандански изработил проект Устав за четите во округот. (Т. Петров, Нелегалната армия на ТМОРО в Македония и Одринско 1899-1908, Софи, 1993, 11; В. Стојчев, Воена историја..,409).
[150] Нормативно беше уреден нивниот состав : постојани чети (реонски, градски, селски, нивната улога, намена и задачи), чети за посебна намена „ревизорски“ односно инспекциски чети и селска милиција, активирана по потреба (од месниот комитет).
[151] Од 500, а според други податоци од 1000 турски лири.
[152] Во народната револуционерна песна за Делчев :„Малино моме“ : …да идиш в гора зелена да посрешниш Дело војвода, да го видиш как ‘ си носи, как’ си носи знаме македонско и на знаме пиши: Смрт или слобода“. (Бл. Ристовски Македонскиот фолклор..,197)
[153] Како во народната револуционерн песна „Македонец тешко ранет“: „Море моме, Македонко, додај ми ја куса пушка, куса пушка малихера, додај ми го револверот. Револверот нагантови, ем додај ми две три бомби четврасти, па си оди понагоре, понагоре черни карпи, черни карпи, черни врвје, таму бајрак да развиеш: смрт ели слобода, смрт ели слобода за Македонија“. (На истот место, 191.)
[154] Во народните реолуционерни песни се гвори дека заветот се давал колективно и в црква. Во песната „Султано, ќерко Султано“ „Арсо војвода с’ неговата верна дружина воф црква тија ќе јодат голема клетва да земат: гордо тие да се бијат за славна Македонија, знамето да го развијат“. (Бл. Ристовски, Македонскиот фолкло и Националната светст, 1987,189).
[155] Заветот на на комитите да не се жртвуваат, да не се предават е опеано во народните песни. Во народната песна „Предај, се бре, Василе“ (во с. Мирковци, Скопско), опколениот одговорил: „Дека се чуло, разбрало, Македонијо, комити да се предадат, комити да се предадат, Македонијо, на тија клети крв-ници!?.( Бл. Ристовски, Македонакиот фолклор и националната свест, Скопје 1987, 181). Примерот со опколената четата на војводата Методи Патчев во Кадино Село. На повикот за предавае: Ајде ми извика тој Методиј Патчев на своја верна дружина: -Дрште се , момчиња, клетва сме си дале живи да не се даваме! Дур се пушки здрави и куршуми има клети Турци истребујте. … Турски аскер паѓа-друг ми дофстасува, куршуми не втасаја; само еден куршун секој си оставиза своето машко срце. .. Осмина веќе мртви в кула легнаа, живи не се дадоја- клетва испонија, клетва за слобода за мачна Македонија. (На истото место,182-183).
[156] При осветувањето на реонската чета во с. Велгоште, Охридско, игуменот на манастирот Св. Петка Анаста Темјанов кажал дека „ја осветувами ја благословува воскреснатат а Самоилова војска во лицето на четниците“. (ЉубенЛапе, Снабдувањето на охриските револуционери со оружје, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 4, Скопје, 1951, 15).
[157] Австроунгарскиот конзул во Битола Крал: „Како што имав чест да споменам во мојот извештај, востаничките чети се прилично горди и секогаш држат до тоа гласот за нивните дела да биде запазен за потомството. Многу настани се возвеличуваат во песни, народот ги воспева“. (Извештаи од 1903-1904 година на австриските претставници во Македонија, Скоје, 1955, 136. Извештај од 28 септември 1903 година).
[158] М. Миноски, Ѓорче Петров, 117.
[159] Малешевскиот војвода Трајчео Христов на 21 (8) мај 1902 година известил: „Во Малеш има сто и триесет души врховисти. Тука се Дончо, Стефо, Пашалијата и малешевци. Значи тука е собрано сето генералско“. (Из архивата на Гоце Делчев.., 79).
[160] М. Миноски, Ѓорче Петров, 121.
[161] Иван Гарванов знаел, дури и ги замолил, со појаснување дека тој со членовите на ЦК биле без авторитет во Организацијата.Ѓорче: „Ми се чини оти ЦК-Гарванов и С-ие, знаејќи дека се нови луѓе и со малку авторитет, нѐ замолија ние да го пратиме ова окружно. Гарванов беше решително птотив Цончево востание, макар да не беше далеку од идејата за востание (Спомени на Ѓорче..,116). Слављубивиот Гарванов во моментот бил против предизвикување востание од Врховниот комитет затоа што подготвувал тој како претседател на ЦК да гене внатрешно востание).
[162] Делчев-Петров: „Косата ни се крева од ужас кога си замислуваме, само од сликата нод оние краеви на нашата татковина кои би послужиле за полигон на едно избрано востание. Ако востанеме со празни раце само ќе им дадеме добар повод на Турците да се нафрлат на нас, да нѐ обессилат, да не уништат. … Затоа што неколкумина лудаци тоа го посакале, затоа што можеби на Фердинанд му паднало на памет да се пошегува со нас за да биде признат. … Не браќа ние тоа нема да го дозволиме!“ (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи, 397).
[163] Делчев-Петров: „Она што е познато само на многу млкумина од нас е тоа што се појавија наши сонародници во Бугарија и од овдека да се испречат на патот на Организацијата, кои сакаат за-пирање на нејзиниот правиле од, кои сакаат и подготвуваат нејзино уништување“. (М. Миноски Ѓорче Петров.., документи..,395).
[164] Делчев-Петров: „Тие за да го вовлечат простиот народ во својата крвава игра порачувале, а нивните луѓе лажеле, дека Русија и Бугарија ќе станат против Турција и ќе ни помогнат кога кај нас ќе пукне првата востаничка пушка“. (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи, 396).
[165] Делчев-Петров: „Оние смели апостоли на слободата кои се јавија први меѓу нас знаеја дека само во единството е силата, знаеја дека само со заеднички напори ние можеме да извојувам ечовечки права за себе си иза тие кои ќе не наследат. Тие затоа ни укажувааза на Кресненското востание запример кога нашите браќа се кренаа со оружје враце без да ги прашаат другите дали се подготвени или не, дури и без претходно да ги известат најблиските до себе. … Затоа тие укажуваа за пример на тоа необмислено, избрзано востание без никаков резултат“. (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи..,394-395.Ѓорче
[166] Ѓорче Петров
[167] Од Никола Малешевски, раководителот на пунктот во Дупница).
[168] Из архивата на Гоце Делчев, 306.
[169] Чернопеев (од Разлошко): „Насила влегоа во с. Лешко, ги пофаќаа селаните и ги присилија да фомираат нешто како комитет. Не можевме да ги нападнеме затоа што држеа како заложници секогаш по 20-30 селани“ (Из архивата бна Гоце Делчев.., 88-89. Писмо од 31 (18) јули 1902 година.
[170] Лазаров (од Горна Џумаја) до Делчев, на 20(7) септември: „Во нашиот реон се сите врховистички чети: Саев, Мурџев, Ризо, Стојанов, Пашалијата. Во Мелничко речиси нема трага од врховистите. Јане ги изгонил“. (Из архивата на Гоце..,94).
[171] Во Солун се одржал конгрес, од 14 (1) – 18 (5) сепември (набргу по пристигнувањето во Солун од заточени амнестираните легални членоови на ЦК: Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев, Петар Поп Арсов, а подоцна и Дамјан Груев) на којшто се легализирал саморпогласениот ЦК на Гарванов. (Из архивата на Гоце.., 17).
[172] Капетанот Александар Протогеров кој не би учесник за „востанието“ во писмото од 19 (6) де-кември до генералот Иван Цончев, пишува: „Востанието се водеше без претходен план, дејству-вавме сосема непромислено … непромислено собравме луѓе од улица и деца за востаници, затоа малку можеше да се смета на нив, голем дел избега“. (В.Георгиев-Ст. Трифонов; История на бъл-гарите 1878-1944 в документи, I(1878-1912), София, 1996, 396).
[173] В. Георгиев – Ст. Трифонов, Македоја.., нови документи, 121.
[174] На окружните конгреси на Организацијата по Илинденското востание се водела расправа и биле осу-дени за нивното поведение пред, за време и непосредно по востанието. На Прилепскиот окружен конгрес на Битолскиот револуционерен округ, во мај 1904 година, бил обвинет од Ѓорче Петров дека тој бил одговорен за последиците од кревањето на масовно востание во Округот. Виновен што не постапил според барањето на Делчев на нивната средба во Солун во април 1903 година да не се крева масовно востание. (М. Миноски, Пере Тошев, 114).
[175] ВК: „Дојде време кога татковината ги повикува сите свои синови на помош. Борбата е започната и треба да се доведе до крај“. (В. Георгиев-Ст. Трифонов, Историја на балгарите в документи..,I,2, 399).
[176] Ѓорче: „Ги сондирал Лозанчев во Битола и Дамета. … Лозанчев бил повикан во Солу, како претставник на Битолско, формално да се советуваат за ова прашање. Го раширил својот круг на сондажа во Битолско, особено во Костурско“. (Спомени на Ѓорче.., 123).
[177] Спомени на Ѓорче.., 123.
[178] Ѓорче: „Ја сакаа нашата согласност, а не мнение. Имаше и приватни писма од Лозанчев до некои од нас во кои што се велеше: кој не е согласен со востание, тој е предавник“. (Спомени на Ѓорче.., 124).
[179] М. Миноски Ѓорче Петров..,138-139.
[180] Гоце Делчев, документација.., 166; М. Миноски, Ѓорче Петров.., 139.
[181] Сарафов: „Имаше две мислења: Еднто на Матов и компанија дека треба да се крене востание. Другото: Делчев, јас и Ѓорче и воопшто мнозинството беше против масовно востание, само поголема активност на четите. Собирот официјално реше да му се соопшти на Гарванов дека не се за востание“. Гоце Делчев, документација.., 166).
[182] На делегатите демонстративно им претставил печатени повици од Врховниот комитет за востание и заплашувал дека ако Организацијата не кренела востание , вооружените чети на Комитетот биле под-готвени да влезат во Македонија за да предизвикаат востание.
[183] Писмо од 20 јануари 1903: „Луѓето се занесени од суетни надежи за скорешно ослободување во едно автономно кнежевство. (ДАРМ, М. 233, АМАЕ, ф. Грција. Извештај на францускиот воен аташе од 6 април 1903 год.).
[184] „На двајца убијци Хаљо и Иванчо Карасулијата им била дадена задача да го убијат Гоце Делчев, а на селани да го отрујат“. (Историја на македонскиот народ, кн.втора, Скопје, 1969, 221).
[185] ННеуспешни предавства на Делчев имало организирани од Софија имало и порно. Бугарскиот агент Шопов во октомври 1897 година за тоа пишува за шпионства Од Солун и „од Софија“. (ЦДИА, ф. 176, оп.1, а.е. 1084,л.24).
[186] Од Даме го добил „последниот удар на разочарување“. (Спомени на Ѓорче..,133).
[187] Запредавството и загинувањето на Делчев повеќе: М. Миноски, Прилог кон прашањето за постоење организирано предавство за ликвидирање на Гоце Делчев при неговото загинување на 4 мај 1903 година во С. Баниц, Прилози на МНУ, XXXI,2, Скопје, 2000,71-93.
[188] Антонъ Страшимировъ, Апостолъ на свободата (Гоце Делчевъ), Солунъ, 1909, според Блаже Ристовски, Македонскиот фолклор и националната свест, Скопје, 1987,223. Истиот по загинувањето на Делчев напишал : „Делчев е легендарен во Македонија. Тој е толку заслужен и толку популарен сред народот што робот го воспева во песни“, Гоце Делчевъ, сп. „Бунтовникъ“, I,3, София, 1903,11; „Народот од четирите краишта на Македонија веќе одамна му пееше и му пее песни“, А Страшимиров, Гоце Делчевъ (1870-1903 г.), „Демо-кратические прегледъ“, I, 17, София, 17.V 1903, 330. Сп. „Македонија“: „Славатакако виор му се пренесе по сите катчиња на бла-гословена Македонија и проникна до најбедната куќарка“, „Македония“, I, 3, София, май, 1903, 8-9. Види и: Блаже Ристовски, Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан пиперката и Питу Гули, Ин-ститут за фолклор, кн.1, Скопје, 1974, 136-148; Димче Најчески, Ликот на Гоце Делчев во македонската народна песна, сп. „Македонски фолклор,“ I, 1, 115; Танас Вражиновски, Гоце Делчев во споменот на народот, Институт за фолклор, Библиотека на списанието, 2, Скопје, 1973.
[189] Егзархисти и патријаршисти.
[190] Како во песната за Делчев „Абре, ќумурџиче, ти, младо момче“ посветена на Делчев: „Дали си го видел јунакот Делчев?- Абре вие Турци, клети јаничари, и да сум го видел – нема да го кажам: јас сум Македонец, Македонец ќе си умрам! (Бл. Ристовски, Македонскиот фолклор.., 197).