сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Годинa од Ковид-19 , година дена хорор со Филипче и Заев, а вакцини и мерки соодветни се уште нема

Годинa од Ковид-19 , година дена хорор со Филипче и Заев, а вакцини и мерки соодветни се уште нема

Година дена од првиот Ковид случај е во петок. Година дена македонскиот народ се соочува со епидемијата, но и со неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Министерот за здравство Венко Филипче година дена ја лаже македонската јавност дека ситуацијата е под контрола.

-Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „Ковид-19“, или корона вирусот, е во добра општа здравствена состојба, под постојан мониторинг на стручниот лекарски персонал на Инфективната клиника во Скопје, и со оглед на нејзината претходна здравствена историја, спаѓа во пациентите кои успешно се справиле со вирусот, соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференцијата одржана на 26.02.2020.

-Состојбата со корона вирусот е под контрола, а како превенција ја разгледуваме опцијата за ограничување на јавните собири во интерес на јавното здравје, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција одржана на 28.02.2020.

Од тука започнува и кулминацијата со епидемијата во државата која за жал се уште трае.

Министерот за здравство Венко Филипче во февруари месец оваа година одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на корона вирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција.

По екстремното зголемување на бројот на заразени министерот за здравство Венко Филипче кој настапи како политичар, а не како доктор, и почна да промовира мерки кои наидоа на осуда, па и потсмев кај граѓаните. Тој ден министерот најави дека задолжително маските треба да се носат.

Македонија тој период стана една од ретките европски држави која не успеа да набави респиратори и професионална заштитна опрема за медицинарите и борбата против епидемијата со корона вирус се сведува на совети. Министерот за здравство Венко Филипче повторуваше само дека граѓаните треба да се внимателни и да држат растојание.

Преморен здравствен персонал, долги дежурства, тешки случаи, премногу пациенти. Бројот на заразени од КОВИД-19 секојдневно расте, но и бројот на хоспитализирани лица на Клиниката за инфективни болести и градската болница „8-ми Септември“. Здравствениот систем во неколку наврати беше на прагот да колабира, а на тоа секојдневно предупредуваа лекарите. Здравствениот систем во Македонија брои доста голем број заразени и во своите редови, со што се намалуваше и капацитетот на медицинскиот персонал.

Најголем процент на заразен медицински персонал во регионот за жал има Македонија и тоа поради министерот за здравство Венко Филипче. А, се заразија затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени“, и го повторуваат истото барање – министерот за здравство да си поднесе оставка.

Министерот за здравство, Венко Филипче летово вети на граѓаните дека ќе има 16 монтажни болници низ државата со цел Македонија полесно да се справи со вториот бран на КОВИД-19. Министерот рече дека истите ќе бидат готови до крајот на август или почеток на септември, но монтажните болници останаа невидливи за граѓаните.

Македонија остана единствената земја во регионот што нема започнато вакцинација против КОВИД-19 на населението. Македонија чека на нарачката од „Фајзер“, на ветените вакцини преку „Ковакс“ системот, и кинеските вакцини за кои министерот за здравство, Венко Филипче потпиша договор.

Министерот за здравство Венко Филипче чекајќи ги ветените вакцини од ЕУ, Грција, Бугарија, Полска, ги одби вакцините кои ги понуди Русија како помош за граѓаните.

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител во декември месец.

И наместо Македонија да започне вакцинација на населението во декември како другите земји во регионот, сега ќе започне можеби во март ако пристигнат вакцините од Кина.

„Заев и Филипче кои не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, сега се секираат да не набавеле премногу?!Тоа се истите тие кои правеа спектакл за добиената донација од Србија. РАботата на Заев и Филипче беше, а за жал се уште и е да набават вакцини. Си ја знаат структурата на населението, а можат да направат дополнителна прецизна проценка. Наместо проценка и старт на преговори за вакцини од пред оиловина година кога сите тоа го поравеа, тие питачат и сматаат како да ги поделат процентите од набавката на вакцини. и математички не излегуваат и нема вакцини, реагираа преку соопштение пред неколку дена од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести