Во последните пет години езерските води кај Подградец се збогатуваат со по 1,5 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка-коран, информираа од општина Подградец на веб страната.
-Целата оваа колосална работа за збогатување на рибниот фонд на езерото е постигната благодарение на најсовременото мрестилиште во Лин. Во заштитата на рибниот фонд голема заслуга има и инспекторатот по рибарство и ОМП за доброто менаџирање со езерото но и свеста на самите рибари да не ловат нелегално, додаваат во објавата.
Според општинските власти секоја сезона, рибарите собираат околу 2 милиони икри, од кои над 1,5 милиони успеваат да се изведат во подмладок, со кој се збогатуваат езерските води.
– На овој начин можеме да кажеме дека ендемичниот вид Коран повеќе не е загрозен вид. Да продолжиме да се грижиме за нашето богатство, порачуваат од општина Подградец.
Како што претходно потврди Министерството за земјоделство се шроценува, дека преку традиционален риболов во ова езеро околу 1.500 лица ја обезбедуваат основната егзистенција.