четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар над Елен Камен во Струга, силниот ветер го отежнува гаснењето

Голем пожар над Елен Камен во Струга, силниот ветер го отежнува гаснењето

Над Елен Камен во Струга, голем пожар избувнал попладнево, над патот за Радожда, пренесува ТВ Сител.

Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер. Голем е стравот кај локалните жители дека пожарот може да зафати и куќи.

Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.

Од Центарот за управување со кризи велат дека се  интервенира со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга.

-Гори дабова и ниско стеблеста шума. Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден. Моментално нема опасност од загрозеност на објекти но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта, информираат од ЦУК.

Најнови вести