Голем одрон од карпи, падна на патниот правец Кукс – Шиштавец и ги отсече од светот Македонците од Гора.
– Станува збор за отцепување на огромен дел од карпата над патот, што се случи вчера доцна попладне. Во изминатите денови, поради обилните дождови патот беше блокран неколкупати, од одрони од камења, земја и дрвја, но ова е најголем паднат одрон досега, пишува електронското издание на весникот „Илинден“.
Весникот ја пренесува големата вознемиреност и загриженост на населенето за нивните животи.
– Долж патниот правец нема никаква заштита. Кога се помали одроните било од камен или снег се самоорганираме и ги чистиме наносите, но сега без интервенција на државата огромните камења не ќе може да се отстранат од коловозот, вели жител на Шиштавец.
За среќа, како што велат, нема повредени, а помалите парчиња камења се отстрануваат за да се овозможи минување по една коловозна лента.