понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организираше турнир во мал фудбал

Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организираше турнир во мал фудбал

Денес како Градски Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ организиравме турнир во мал фудбал во спортскиот центар Форца каде учествуваа 16 тимови, стои во објавата на нивната страница на Фејсбук.

Целиот настан помина во позитивна атмосфера каде што играчите на сите екипи имаа шанса да се дружат, а и да ги покажат своите фудбалски вештини. Честитки до победникот, тимот на Бутел 1, како и до сите останати учесници на овој турнир. Второто место го освои екипата Бутел 2, а третото тимот Кисела Вода 1.

На турнирот присуствуваше и ги додели пофалниците потпретседателот на УМС Искра Крстевска.

Најнови вести