Незадоволството на граѓаните од страна на власта и понатаму расте. Деновиве по социјалните мрежи можеше да се забележи дека граѓаните сеуште чекаат да ги добијат средствата од долгонајавуваната мерка „Викенд без ДДВ“ од страна на власта. Исто така дел од граѓаните на кој им се исплатени средствата од оваа мерка посочија дека имаат исплата во вредност од 2,3,7,8 денари.
По ваквите реакции граѓаните се прашуваат зошто се исплаќа толку мала сума на пари и каде всушност одат тие пари кои беа ветени од страна на надлежните?
Како што информираше Упрвата за јавни приходи во трите дена 204.088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и биле скенирани три пати повеќе фискални сметки, а остварениот промет бил за 9,5 пати поголем во однос на истиот викенд лани.Во „Викендот ДДВ“ бил остварен промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари.
Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот„Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.
– Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Мерката „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.