среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните казнувани, Заев крши мерки и протоколи: Премиере, каде ви е маската? (ФОТО)

Граѓаните казнувани, Заев крши мерки и протоколи: Премиере, каде ви е маската? (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев на средбите со Јанез Копач и покрај протоколите не носеше маска. Според фотографиите објавени денеска од средбата на премиерот со Копач, очигледно е прекршувањето на протоколите за задолжително носење заштитни маски во затворена просторија.

Отворено се поставува прашањето зошто Владата ги донесе овие протоколи, ако нејзиниот прв човек не ги почитува истите.

До нашата редакција стигнаа многу реакции од граѓани кои биле казнети за ваков прекршок.

Сепак, ваквото неодговорно однесување особено во моменти кога држвата се справува со последиците од нов бран на КОВИД 19, и тоа не толку успешно, претставува дестимулација и поткопување на напорите на целокупната заедница за надминување на кризата.

Само за потсетување, учениците се задолжени во текот на целото траење на наставата да ги носат заштитните маски, исто како што се задолжени возачите на автобуси, вработените во јавните институции, маркети.. Мерките мора да важат подеднакво за сите, а особено за оние кои тие мерки ги донеле.

Најнови вести