„Немало паника кај граѓаните, некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цена. Тоа нема да дозволиме да се случи. Не е време да се шпекулира и манипулира, со зголемување на трошоците. Трговците ќе бидат санкционирани. Нема место за паника, нема да има ценовен шок. Тие трговци што мислат дека можат да манипулираат со граѓаните и институциите – ќе бидат санкционирани“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, пренесе А1ОН.
Казните се до 10 илјади евра за тие кои се одлучиле да ги повлечат продуктите, за да ги продаваат со зголемена цена.
„Во делот на месото има мало зголемување на цените, бидејќи кажуваат дека е преработено месо, а не како свежо месо. Тие ќе бидат исто така контролирани, ќе се провери како е увезено, ќе се вратат цените како што треба да бидат. Сакаат манипулативно да покажат дека е произведено тука за да утврдат друга цена. Има контрола, утврдено е дека тоа се случувало посенбо вчера и завчера. Дадени се насоки да се вратат цените како што е одлуката. Нема недостаток на храна“, кажа Бектеши, објави порталот.
Според него, инспекторатот е на терен и ќе се постапи согласно одлуката на Влада, што би значело намалување на цените.
„Одредени производители ги зголемиле цените, но главно се движат од 25 до 30 денари. Граѓаните сами одлучуваат каде ќе купуваат. Денеска е првиот ден, наредните два-три дена, цените ќе се вратат како што беше според одлуката. Повлекување на залихи нема да дозволиме да има“, додаде тој.
Според него, војната во Украина нема да има влијание на домашниот пазар.
„Директно не би влијаело во Македонија, но индиректно, за енергенсите може да влијае. Над 70 отсто од трговската раз