Вчера 20.09.2021 година Институтот „АКСИОС- здружение на граѓани за развој, анализи и човечки права“, во период од 21:30 – 22:30 часот и денес, 21.09.2021 година, во период од 08:30 – 11:30 часот спроведе телефонска анкета на репрезентативен примерок од 987 испитаници, на територија на цела Република Македонија, на тема дуелот помеѓу претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се одржа во текот на вчерашниот ден.
Ставовите на двајцата лидери беа дијаметрално спротивставени, со што се создава плодна почва за анализа, но истото е и лесна можност за граѓаните да се одлучат која од двете страни/политики им е поблиска.
На сите испитаници им беа поставени следните прашања, а во прилог се и резултатите добиени од анкетата.
Најголем дел од граѓаните посочува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја зборувал вистината во своето телевизиско гостување, а на лидерот на СДСМ помалку му веруваат.
Испитаниците посочиле дека повеќе се согласуваат со ставовите на Мицкоски, отколку со оние на премиерот.