Граѓаните преку коментари на социјалните мрежи револтирано го искажуваат својот став дека се против политиките кои ги спроведува премиерот Зоран Заев.
По денешното одбележување на големиот празник 2 Август Илинден и говорот на премиерот на Пелинце, социјалните мрежи вријат од коментари.
-Ти немаш никакво право за Илинден и за историја да зборуваш. Ти си најголемиот нечовек што некогаш газел по оваа земја. Оди си и не враќај се ни ти, ни семката твоја овде немаат место.
-Ако ти беше прав премиер ќе беше на Мечкин Камен, ама тебе ти е страв од сопствениот народ.
-Ти немаш право, ни достоинство да ги спомнуваш имињата на големите македонски херои, на Илинденците и Асномците, на партизаните и на сите херои кои се бореле и ги положиле своите животи за Македонија. Македонја секогаш. Северна никогаш.
-Немаш право да чествуваш. Зошто не одиш во Крушево? Ќе те плука и брка народот, се дел од коментарите објавени на социјалните мрежи.