Од СДСМ најавија дека денес во 18 часот ќе чекорат во име на правдата. Нивната замислена рута е од Собранието до Судот.
За каква правда ќе чекорат сопартијците на Зоран Заев, не е јасно, со оглед на фактот дека имаа повеќе од три години да донесат правда во Македонија, а бевме сведоци токму на спротивното.
Граѓаните со потсмев зборуваат за маршот на власта против неправдите кои власта ги нанесе.
Но, кога во своите објави ги спомнуваат случаите за кои Заев вети, а не донесе правда, повеже нема место за потсмев, па коментарите стануваат директна критика.
Голем дел од својата предизборна кампања, СДСМ ја тераше на грбот на трагедии кои се случија во Македонија. Злоупотребуваше смрт на деца за да дојде до поен повеќе, а едно од нив е Мартин Нешковски. За убиство на ова момче беше осуден специјалецот Игор Спасов. СДСМ постојано зборуваше за ова убиство за потоа Заев да се ракува со Спасов во затвор и во нивно време, овој човек осуден за убиство да се даде во бегство. Дали ќе маршираат за ваква правда, не знаеме.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека функционерите кои денес же излезат на марш од Собрание, наместо до судовите треба да заминат директно во Шутка. Со тоа им испраќаат директна порака дека треба да одговараат за криминалот кој го сторија.
Ги набројуваат и дел од делата за кои бараат одговорност.
На маршот, коментираат граѓаните, Заев ќе маршира против самиот себе.
Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ напиша:
-На маршот за спас на милионите на Заев, очекувам да ги видам сите од “шарена“ со транспаренти-нема правда, нема мир и слики од Боки и Ката со Заев и Оливер. Какви магариња испаднаа!
Заев лично ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на денешниот марш за правда „Чекориме за правда” во организација на СДСМ.
Но, граѓаните му вратија со свои пораки.