Намалување од најмалку 10 отсто на цените на основните прехранбени производи, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски кој е во работна посета на охридско-струшкиот регион.
Како што рече Ковачевски по посетата на фабриките „Подгорка” во Струга и „Органска буковка ДОО“ во Охрид, со последните владини мерки се овозможува многу поевтина струја и за компаниите од прехранбената индустрија.
-Со последните мерки обезбедуваме многукратно поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија. Очекувам намалување на цените на основните прехрабнеи производи најмалку 10 отсто. Поевитнувањето кај некои производи почна, тоа ќе следува и кај другите, истакна Ковачевски.
Премиерот повтори дека со антикризните мерки не е изоставен никој.
-Ќе го чуваме стандардот, но ќе ги зачуваме и компаниите ликвидни, порача Ковачевски. (МИА)