“Грчката влада очекува од господинот Заев да го направи решавачкиот чекор кон постигнување на договор за името, топката е на нивниот терен“, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
Во интервју за грчката телевизија “Контра”, Ѕанакопулос рече дека не може да предвиди кога премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, ќе имаат телефонски разговор и истакна дека “ништо не е договорено се додека не се постигне договор за сите прашања “.