петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчки „Катимерини“: Бугарија со блокадата на Македонија во ЕУ ќе направи проблем во НАТО

Грчки „Катимерини“: Бугарија со блокадата на Македонија во ЕУ ќе направи проблем во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира пристапните преговори на ЕУ со Македонија може да предизвика уште еден проблем на југоисточното крило на НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Во анализата на „Катимерини“ се вели дека две од земјите членки на НАТО, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени и сега уште две земји членки се на пат да се судрат, поради контроверза стара два века, пренесува СДК.МК.

„И Бугарија и Македонија се клучни регионални членови на Алијансата. Бугарија поради нејзината улога на надгледувач на Црното Море и јужна Русија, а Македонија како бафер зона против понатамошно ширење на руската експанзија во срцето на Балканот. И двете земји доста силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт“, се вели во анализата.

НАТО, сепак, според „Катимерини“ изгледа смирено во врска со спорот меѓу Скопје и Софија и гледа на спорот како нешто што треба да се реши меѓу земјите членки на ЕУ. Но, во анализата се вели дека забелешките на Бугарија во врска со интеграцијата на Македонија во ЕУ немаат врска со агендата на проширување, како потребата за поголема демократија и намалување на корупцијата, туку се базира на историски тврдења кои што го разгоруваат национализмот во двете земји и во одреден момент наскоро може да има влијание и на НАТО, доколку не се надминат разликите.

Целата анализа прочитајте ја на СДК.МК.

Најнови вести