Деновиве на неколку македонски возила во некои туристички места во северна Грција беа залепени налепници до следнава содржина: „Ти не си Македонец, ти си Словен, Македонија е грчка“, објави порталот МКД.мк.
Порталот пишува дека по оние официјални налепници кои грчките цариници сѐ уште ги лепат (не на сите возила, со многу помала фрекфенција од порано, и со многу послаб лепак) на возилата на македонските туристи кои одат на одмор во Грција, ова се некои нови „обележувања“ кои некои Грци посакуваат да ги истакнат.
ФОТО: МКД.мк