сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГРОМ ја осудува руската агресија врз Украина

ГРОМ ја осудува руската агресија врз Украина

На својата редовна седница на централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија се разгледуваше актуелната политичка состојба во Македонија и надвор од неа.

Централниот одбор на ГРОМ заклучи дека војната во Украина ќе има далекусежни негативни последици по економскиот стандард на сите граѓани во Европа а посебно се истакна опасноста од отпочнување на трета светска војна.

-Од таму ГРОМ ја осудува руската агресија врз Украина и воедно бараме од западните дипломати час поскоро да започнат со сериозни преговори за да ја запрат војната, со цел да завладее траен мир со кој ќе се овозможи просперитет на украинскиот и рускиот народ и обезбедување на човекови прави на сите граѓани во украинската држава, велат од партијата.

Најнови вести