Во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија медиумскиот аналитичар Виктор Грозданов изјави дека тие кои што викаат дека се борат против лажни вести всушност тие генерираат лажни вести во Македонија.
-Сега имаме една нова структура која што вика ние се бориме против лажни вести кои што наводно испаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е монструозна лага која што ја промовираат целиот оној пиар тим на господинот премиер Зоран Заев, значи нема да зборам за почитуваниот мој пријател Роберт Поповски од лични причини, меѓутоа за сето она што го прават морам логички да поставувам логички прашања и логички да размислувам дека лажни вести се употребууваат во држави каде што можеш да им нарушиш сериозно концепт на општествено уредување тоа во Македонија не постои, нагласи Грозданов.
Според Грозданов, тоа постои само во замислените пи-ар тимови на чело со Забрчанац кој што постојано вика лажни.
-Замислете како еден пример, значи цело време вика Владата ќе добиеме датум за преговори, завршена е работата, ние си ја завршивме домашната задача и сега одеднаш излегува дека Франција ни вика едно големо не и вика „господа вие имате проблем со коруупција, со нереформирано судство за кое што вие се залагавте, вашето специјално јавно обвинителство дирекно рекетира бизнисмени и тн и вика не“, додаде Грозданов.
Според Грозданов, „лажната вест е дека прв кој што се радуваше на недобивањето датум е Христијан Мицкоски и тој се запрашува дали има поголема лага од тоа, значи тие тоа што го промовираат значи не го промовираат типови од Саше Ивановски или Саше Политико значи го промовираат потпретседателите, значи Радмила Шекеринска, Мухамед Зекири тие го промовираат“.