Професорките Симона Груевска Маџоска од Институот за македонски јазик и Наташа Котлар од Институтот за национална историја се на ист став во однос на Договорот за Бугарија и комисијата која треба да ги реши историските прашања, порачувајќи дека се нанесени големи штети на Македонија и македонскиот народ, но и дека власта и покрај нетрпениот кон опозицијата мора да ги вклучи сите во овој процес бидејќи прашањето е од широк општествен и јавен карактер.
Имено во вчерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, коментирајќи ги изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи од пред некој ден каде што вели дека во овие преговори сега што се прават и дека Бугарија повеќе сака да зборува за истроијата за корените, Котлар истакна дека не може Османи да зборува дека не е засегнат јазикот или идентитетот, бидејќи чим се преговара за историја само по себе значи дека се засегнати и јазикот и идентитетот бидејќи токму колективните нешта по кои што се препознаваме едни од други е идентитетот, јазикот а сето тоа е во доменот на историјата.
Ова треба да биде некоја драмолетка која треба да избиена на сцена за народот. Не можете вие да говорите дека не е засегнат јазикот, не е засегнат идентитетот, ама само историјата. Па што е историјата, вашата лична карта како народ. Од таа лична карта прво ве прашуваат за јазик. Колективните нешта кои што ние ги имаме и се препознаваме еден со друг го прави идентитетот, а тоа е во доментот на историјата бидејќи таа ги бележи сите нешта кои што не спојуваат или не прават различни. Но, во еден момент, таа е историја на еден конкретен народ или заедница. Така што не знам дали ние треба да бидиме со пола вклучен мозок за восприемиме содржина јазик и идентитет, ама сега ќе премолиме за историјата. Штом ви е засегната историјата, во исто време ви е засегнат јазикот и се она што го чини вашиот идентитет, вели Котлар.
Во однос на малцинствата, Груевска Маџоска вели дека со откажување на малцинствата, Македонија е единствена држава која што ќе биде македонска само да границите, а надвор од границите нема да има ништо македонско и како што рече ќе треба многу време да се исправи за сето ова што Заев и власта го направиле.
Ние ќе бидиме една единствена држава во светот која само до границата до тука е македонско, натаму ништо македонско нема. Ние ќе бидеме единствена држава која ако до тука е границата, до тука сме ние Македонци, натаму нема Македонци, исто и за Егејска Македонија, исто и за Пиринска Македонија, исто така и за јазикот. Така што тоа што политичарите ни го направија, не знам колку време ќе треба да се исправи, вели Груевска Маџоска и додаде дека штетите се огромни, но дека можно е уште пострашно сценарио ако не се запре со ваквите политики, додавајќи дека Преспанскиот договор и промената на уставното име е еден невиден пораз за македонската држава и македонската дипломатија и покрај обидите тие тоа да го претстават како некаков „успех“.
Нанесени се големи штети, ако тука запрат, бидејќи гледаме и можеме да очекуваме полошо сценарио, барем така личи. Иначе и ова до сега што е направено со потпишувањето на Преспанскиот договор, со промената на името, и покрај сите укажувања дека тоа е погрешно се направи како тоа да е многу голем успех, а всушност е еден невиден пораз на Македонија и невиден пораз за македонската дипломатија бидејќи ние овде брусиме шахти, менуваме имиња на институции и не знам дека некогаш тоа било на маса на тие преговори такво нешто во Македонија да се прави, а од друга страна гледаме дека Грција упорно не нарекува Скопје, дека не ни се обраќа ни под тоа име, дека станавме северно Македонци и дека јазикот ни е северномакедонски, е тоа се постигна со тој голем „успех“.
Груевска Маџоска и Котлар, сметаат дека македонската дипломатија, ниту Министерството за надворешни работи не регирало на изјавите на бугарските политичари Џамбаски и Ковачев, прашувајќи чии интересите штити.
Знаете ли колку изјави има од нивните тие неформални кажувачи Џамбаски, Ковачев и сето тоа, па во договорот пишува дека прво такво нешто не смее да се искажува и да се објавува. Кој регираше. Фактички договор ви еден де јуре текст кој де факто е направен пуздре, вели Котлар.
Не реагираше за ништо. На што реагирала за сите овие декларации. Каде е нашата диполаматија да реагира, каде е Министерството за надворешни работи да реагира. За што е ставена таа наша власт таму. Да ги штити нашите интереси или да ги штити интересите на другите, прашува Груевска Маџоска.
Кога станува збор за савовите на Македонија, ниту на Котлар, ниту на Груевска Маџоска не им се познати ниту ставовите ниту доколку ги има на што се базираат истите, порачувајќи дека нема иднина без историја.
Каква е таа иднина без историја. Нема таква иднина. Тоа е да се поништиме себеси, децидна е Груевска Маџоска.
Во однос на мешовитата комисија, Котлар смета дека вака како што е создадена комисијата комисијата треба да создаде нешто ново, а не она што е претходно создавано со генерации, додека пак професорката Груевска Маџоска смета дека комисијата е политичка и дека никој не им дал право да преговараат и договараат бидејќи ова не е пазар, нагласувајќи дека тие себеси можат да се поништуваат, но не нејзе и другите граѓани.
Комсиијата таква каква што е е замислена дека треба да создава нешто ново, значи тогаш вие може да договарате такви модалитети, но она што претходно постои и е создавано со генерации и обични луѓе, но и академска средина вие не можете да работите со тоа што ви е дадено во тој текст во договорот. Нашите ставови на што се базираат. На гравче јас и Симона гледаме, на карти гледаме, прашува Котлар.
Јас како научник, лично се чудам како се нафатиле во таква комисија, и како седат во таа комисија. Јас лично од мое име ќе си кажам дека јас се чудам. Затоа што сето тоа што го работеле, за што животот го вложиле, сите ние сме се влошиле себеси, се поништуваат себеси. Они може себеси да се поништат, а не можем мене да ме поништат или нас да не поништат. Никој не им го дал тоа право, која е таа политички избрана комисија, таа комисија не е од фелата избрана, туку политичка избрана комисија и кој им дал мандат тие во мое име да кажуваат која личност, или да кажуваат за Средниот век се договориле, па пазар ли е ова, кој им го дал тоа право, прашува Груевска Маџоска.
Груевска Маџоска смета дека власта не била доволно транспарентна во однос на информиањето што се преговара и договара, додека во Бугарија сето тоа било јавно донесено и изгласано во бугарскиот парламент.
Ние ништо не знаеме овде, бидејќи цело време се крие од јавноста. Се се тајни преговори и договори, за разлика во Бугарија се е тоа јавно , во парламентот е донесено изгласано, сите се известени, децидна е Груевска Мазоска.
Котлар е децидна дека за ова прашање мора да се вклучи и опозицијата без разлика на нетрпениеот од страна на власта кон озпоицијата бидејќи како што рече ова е прашање од широк општествен и јавен карактер.
Колку и да има нетрпение меѓу опозиција и опозиција бидејќи се работи за прашања од широк општествен и јавен карактер, мораат и едните и другите и третите да седнат и да разговараат, нагласи Котлар.
Груевска Мацоска вели дека Македонија уште долго време нема да влезе во Европската унија, бидејќи не сме се средиле внатре како држава во однос на реформите кои што треба да се спроведат, но и дека премиерот Заев нема план Б, единствен план според нејзе кој што го спроведува Заев е распродажба на историјата, јазикот и македонскиот идентите.
Ние во Европска унија уште многу долго нема да влеземе, а нема да влеземе затоа што внатре ништо не сме си средиле, а тоа беше основно нешто што треба да прават политичарите, внатре прво сопствениот двор да си го средиш. Да нема корупција, да владее правото. Нема план Б така кажа дека единствен план му е ова, а ова што е распродажба на нашиот идентите, јазик, историја, изјави Груевска Маџоска.