Во Кривичниот суд почна судењето за уривањето на станбениот комплекс „Космос“. Судењето ќе се снима тонски и визуелно.
-Знам за што сум обвинет, но не се чувствувам виновен, изјави поранешниот премиер Никола Груевски на судењето за рушењето на станбениот комплес „Космос“.
И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се изјасни дека не е виновен.
Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, пак, рече дека технички го разбрал обвинението, но не и суштински, но не се чувствува виновен. Вработените во Гази Баба исто така рекоа дека разбрале за што се обвинети, но и тие не се чуствуваат виновни.
Сопственикот на „Космос“, Фијат Цановски, бара домашно и меѓународно вештачење, но и оштетно побарување за рушењето на неговиот објект.