На денот на независноста 8-ми септември, утре во 12 часот група граѓани ќе се соберат пред Владата, со цел да порачаат дека луѓето кои упаднаа во Собранието на 27 април не се терористи.
Во повикот објавен на социјалните мрежи стои дека ќе се испрати порака за слобода на уставобранителите и патриоти, за кои се вели не се терористи.