недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хазби Лика агитира против ДУИ?!

Хазби Лика агитира против ДУИ?!

По неодамнешните судири во рамките на Демократската унија за интеграција, кои што произлегоа поради трансформацијата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор и одлуката партијата да го поддржи кандидатот за претседател на СДСМ, се чини дека предизвика функционерите на оваа партија да излезат отворено против одлуките на овој субјект.

Такво нешто се случи со поранешниот заменик-премиер Хазби Лика, пишува порталот albanews24. 

Порталот пишува дека извори блиски до Лика, кои сакаат да останат анонимни, истакнуваат дека поранешниот вицепремиер го подготвува теренот за да не се гласа Стево Пендаровски за претседател на државата и агитираат да гласаат за албанскиот кандидат, Блерим Река.

Останува во наредните дена да видиме дали и јавно за ова ќе се изјасни Лика, пишува порталот.

 

Најнови вести