среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хидролозите предупредуваат: Функционира само една мерна станица за нивото на Охридското езеро

Хидролозите предупредуваат: Функционира само една мерна станица за нивото на Охридското езеро

Охридското езеро е премногу значајно за да се прават експерименти со него, од 4 мерни станици во охридско- струшкиот регион кои треба да дадат веродостојни информации за нивото на езерото, функцира само една – во центарот на Охрид, објавува Алфа телевизија.

Мерните станици во Свети Наум, Пештани и Струга се надвор од употреба – укажуваат хидролозите. Згора на тоа, недостасува и стручен кадар, во Управата за хидрометеоролошки работи има само двајца хидролози инженери а потребни се најмалку десетмина.

Во минатото во Управата работеле 35 хидролози, а сега се 12. Доколку сакаме да имаме добар мониторинг, треба да се инвестира во нови вработувања и не само тоа, проблем се и парите-буџетот кој го издвојува државата за оваа намена е смешен.

Соочени со негрижа од државата, од УХМР преку странски донации доаѓаат до сретства за набавка на современи инструменти за изработка на хидролошки прогностички модел, меѓудругото и за мониторинг на езерото кое оваа година драстично осцилира.

Од УХМР уште на почетокот од годинава забележале опасност од високи водостои но нивните укажувања вклучително и за осцилациите на езерото биле попусти.

Најнови вести