недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хоспитализирани околу 1.000 пациенти позитивни на коронавирус, нови ковид центри се отвораат во Скопје

Хоспитализирани околу 1.000 пациенти позитивни на коронавирус, нови ковид центри се отвораат во Скопје

Во болниците има вкупно хоспитализирани околу 1.000 пациенти. Тие со различен процент ги оптеретуваат капацитетите во болниците во различни градови. Најоптеретени се болниците во Тетово и Гостивар, делумно во Кичево, Струга Охрид, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека обезбедуваат болнички кревет за секого, по системот на ротација. И во Скопје се отворија дополнителни ковид центри, од вчера и на Интерните клиники.

Најзастапена возрасна група од пациентите е над 60 години, а најмал на малите деца. Има дваесетина деца кои се хоспитализирани и имаат релативно лесна клиничка слика.

-Долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат прилично доцна со лоши параметри и ниска сатурација. Не е вистина дека пациентите не се лекуваат по протокол, вели Филипче.

Бројот на починати лица кои се вакцинирани е многу мал што ја докажува ефикасноста на вакцината, посочи министерот.

Најнови вести