Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денеска во Скопје не прецизираше дали ќе се воведат ПЦР тестови за македонските граѓани по зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19.
На новинарско прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Хоти порача мерките што се преземаат, да не се гледаат како ограничувачки, туку како мерки за спречување на вирусот.
– Министрите за здравство на двете држави работат заеднички. Косово сега е во подобра состојба отколку претходно, додека овде во Скопје почна да расте бројот на заболени. Мерките што ги преземаме, треба да се подразберат како мерки за спречување на вирусот, а не како ограничувачки мерки, рече Хоти.