Христос се роди навистина се роди. Овој празничен поздрав утринава ги исполни црквите во земјава. Граѓаните во солиден број дојдоа на божиќната служба и причест…Оваа година поради пандемијата, со заштитни маски на лицата и почитување на мерките колку што дозволуваат условите.
Божикната литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Стефан се оддржа во Соборниот храм Св. Климент Охридиски. Тој порача во годината која е пред нас да го победиме злото и непријателството.
Граѓаните кој и покрај пандемијата дојдоа да ги испочитуваат обичаите, посакаа следната година да има многу повеќе здравје за сите. Дел од нив велат и дека само со верба во бог може да се надмине ковидот.
На литургијата присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси кој повика на обединување..
Во сенка на пандемијата, без бадникови поворки и огнови се празнуваше и Бадник… Ова е прв да изостанат традиционалните прослави за Божиќ каде секоја година има голем број верници.