понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

И ДУИ не му верува на Заев: Груби прво ќе проверел да не е изменет текстот на Законот за ЈО!

Треба да проверам дали се работи за истата верзија која синоќа ја договоривме и во која беа инкорпорирани нашите забелешки или има некакви измени во владиниот предлог, ако Законот е истиот само тогаш ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и ќе има време да биде изгласан до планираното распуштање на 12 февруари, изјави Груби.
И ДУИ не му верува на Заев: Груби прво ќе проверел да не е изменет текстот на Законот за ЈО!

Ни ДУИ не му верува на Заев и СДСМ. На ова наведува изјавата на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, кој не може да потврди дали предлог законот за Јавно Обвинителство ќе биде поставен на седница денеска.

Тој се сомнева дека текстот е променет и не станува збор за содржината за која се договориле со СДСМ па затоа најпрво рече дека ќе почека да види што предложела владата.

„Тукушто стигна Законот за обвинителство. Треба да проверам дали се работи за истата верзија која синоќа ја договоривме и во која беа инкорпорирани нашите забелешки или има некакви измени во владиниот предлог, ако Законот е истиот само тогаш ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и ќе има време да биде изгласан до планираното распуштање на 12 февруари”, изјави Груби.

Најнови вести