Вицепремиерот Артан Груби се пофали дека и Александар Сорос играл фудбал во неговиот кабинет.
Груби објави фотографија од средбата со Сорос, која ја опиша како „пријателски разговор“ околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион.
Министрите од редовите на ДУИ минатата недела беа фотографирани како играат фудбал во кабинетот на Груби. Граѓаните го осудија овој несериозен чин велејќи дека министрите во кабинети треба да работат, а не да се однесуваат како да се во спортски клуб.