Претседавачот со конститутивната седница по изборите на 11 декември 2016, Трајко Вељаноски постапувал согласно деловникот за работа на Собранието со тоа што не дозволил да се премине на друга точка на дневниот ред без да биде завршена дискусијата по претходна точка.
Вакво барање имаа пратеници од СДСМ кои тврдеа дека според член 78 став 2 на барање на група пратеници може да се изврши промена на редоследот во дискутирање по одредени точки, односно наместо од петтата точка да се премине на шестата, може да се премине од петтата на десеттата – но САМО во случај доколку е завршена дискусијата по „петтата“ точка.
На денешното рочиште за настаните на 27-ми април како сведок на Трајко Вељаноски се појави сегашниот претседател на Собранието Талат Џафери кој кажа дека во неговата собраниска кариера од 2002 година до ден денес, пред и откако е избран за Претседател, никогаш не се случило да се прекине работата по една точка без да биде исцрпен бројот на пријавени дискутанти.
Вилма Рускоска, спротивно на Деловникот за работа на Собранието, тврди дека Вељаноски го прекршил деловникот затоа што не им го задоволил барањето на пратеници на СДСМ да се премине на точката Избор на претседател, без претходно да биде завршена дискусијата по претходната точка од дневниот ред.
Овој став на Рускоска е идентичен со ставот на СДСМ, исто како и квалификацијата за т.н. „терористичко загрозување на устаниот поредок“ која СДСМ ја најави на 29-ти април 2017, а Рускоска „ја напиша“ во ноември 2017-та година.