сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И во наредните денови температури над 40 степени

И во наредните денови температури над 40 степени

УХМР информира дека и во следните денови времето ќе биде многу топло. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност.

Според прогнозата, во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Најнови вести