понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Интервју со д-р Милошевски: Здравствените работници го изнесоа најголемиот терет и ја спасија државата

Интервју со д-р Милошевски: Здравствените работници го изнесоа најголемиот терет и ја спасија државата

Доктор Митре Милошевски од Охрид е денешниот соговорник на КУРИР во интервју на тема мерки и заштита од коронавирусот.

Тој изразува голема поддршка до сите негови колеги, здравствени работници кои ја водат борбата против коронавирусот.

Како ги оценувате мерките кои власта ги превзема за справување со коронавирусот?

-Мое мислење е дека со рестриктивните мерки се успеа да се издолжи кривата и истата да остане релативно права, без поголеми пикови и на тој начин да се распоредат и сочуваат силите на здравствениот систем за подолготрајна битка со коронавирусот.

Додека не заврши пандемијата, јас не би сакал да шпекулирам со бројки и проценти на заразени, оздравени и починати, како резултат на инфекцијата од САРС Ковид 2 и за тоа во крајна линија не е фер да се зборува во овој момент.

Владата има голема среќа што зад себе го има ваквиот медицински персонал кој со сето срце и душа и со сето свое знаење се втурна во борба со оваа пандемија, особено на почетокот на кризата додека не се навикнат граѓаните на мерките на социјална дистанца и останатите превентивни мерки.

За здравствените работници-секоја чест и мое длабоко мислење е дека тие го изнесоа најголемиот терет и ја спасија државата во вистинска смисла на зборот.

Според мене, најважно прашање е: До кога се планира да се растега кривата и до кога ќе траат рестриктивните мерки?

Јас лично не сум компетентен да одговорам на ова прашање, но можам да дадам предлог ова прашање да биде предмет на широк епидемиолошки консензус со задолжителна претходна консултација на странски еминентни епидемиолози кои имаат поголемо искуство со справување со епидемии од вакви размери. Да не бидам сфатен погрешно, сакам да кажам секоја чест и на нашите епидемиолози кои досега дадоа несебичен придонес за менаџирање на кризата. Значи, одлуката треба да е заедничка на нашите епидемиолози вклучени во менаџирање на кризата како и странски еминентни епидемиолози кои се цитирани во еминентни светски медицински списанија.

Кои според вас се најдобрите совети кои граѓаните треба да ги знаат во однос на тоа како да се заштитат од Ковид-19?

Моја препорака до граѓаните е пред сé во однос на можноста да бидат заразени. Ова постојано да го имаат на ум и да не се опуштаат, особено во маркетите, на работното место, на пазар, по чаршија. Основно е да држат дистанца која, по мене, треба да биде најмалку 2 метра, да не се групираат и да носат задолжително маска и ракавици додека трае вонредната состојба.

Лесно да се хранат, со оглед на тоа дека физичката активност е сведена на минимум, со исхрана богата со витамини и внес на поголеми количини на течности.

Да ја прилагодат физичката активност и во домашни услови, како би избегнале појава или компликација на други сериозни заболувања, пред сé кардиоваскуларни.

Да имаат постојано на ум дека постои можност во наша близина или околина да има лица кои се носители на вирусот, а не го знаат тоа. Да бидат стрпливи и сево ова ќе помине!

Каква е ситуацијата во Охрид? Се почитуваат ли мерките од страна на граѓаните? 

-Состојбата во Охрид засега можам да ја оценам како стабилна. Охрид е на дното по заболени со Ковид-19. Има 4 регистрирани од коиеден е од Скопје и една родилка која е заразена во Битола при породување.

Ова укажува на голема дисциплина и свест на граѓаните на Охрид и охридско во почитувањето на превентивните мерки  и почитување на уредбата за социјално дистанцирање.

Најнови вести