среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Интервју со докторката Весела Христовска: Корисни совети до граѓаните во битката против коронавирусот

Интервју со докторката Весела Христовска: Корисни совети до граѓаните во битката против коронавирусот

Докторката Весела Христовска во интервју за КУРИР испраќа важни совети до граѓаните. Со неа разговаравме за начинот на заштита од коронавирусот, за тоа што граѓаните треба, а што не смеат да прават.

За своите пациенти е секогаш на располагање, со своите совети, како секогаш така и во ова време на епидемија. Со задоволство ја прифати поканата на КУРИР да биде наш соговорник во интервју чија цел е сите заедно да научиме како да го победиме коронавирусот.

КУРИР: Кои совети им ги давате на своите пациенти за заштита од коронавирусот?

Д-Р Христовска:

  1. Често миење на раце.
  2. Да избегнуваат допир на очите, устата и носот.
  3. Доколку се кашла или кива, устата треба да се покрие со внатрешната страна на лактот или со шамивче.
  4. Да се избегнуваат места со многу луѓе, а доколку мора да се посети некое такво место (амбуланта, маркет, аптека) да се држи соодветно растојание од 2 метра и да се носи маска или шамивче преку уста.
  5. Доколку не се чувствувате добро или имате малку покачена температура или кашлица, останете дома!
  6. При покачена температура, кашлица и малаксаност, навремено и телефонски информирајте го вашиот избран лекар, кој ќе ви даде инструкции како да се заштите и да се лекувате во самоизолација.
  7. Се препорачува земање на витамини и минерали (Витамин Ц, Омега-3, Селен,Цинк) зголемен внес на овошје, салати, вода и чаеви, како и 7 до 8 часа спиење.
  8. Да не се прават непотребни контакти со луѓе кои не се членови на потесниот круг од семејството.
  9. Сите производи што се купуваат при пазарување задолжително и соодветно да се дезинфицираат и при секое спремање на оброк, храната добро да се измие или термички да се обработи.
  10. Често проветрување во домот и секој член од семејството да користи посебен прибор за исхрана и лична хигиена.
  11. Дезинфекција на работното место (биро, тастатура, маус, пенкала, телефон, кваки).

КУРИР: Треба ли граѓаните во овој период да посетуваат матичен доктор, освен ако посетата не е поврзана со симптоми за коронавирусот или некоја друга итна состојба?

Д-Р Христовска:

-Посетата на матичен доктор овој период треба да се сведе на минимум и секој преглед треба претходно телефонски да се најави во амбулантата. Пациентите кои се со симптоми на COVID-19 или биле во контакт со заболено лице или лице кое е во самоизолација, не смеат да доаѓаат во амбуланта! Таквите пациенти исклучиво телефонски треба да се консултираат со својот избран лекар од кој ќе добијат понатамошни инструкции за нивно тестирање и доиследување. Пациентите пак кои имаат други медицински проблеми кои не се поврзани со COVID-19 , исто така треба да се јават телефонски на матичен лекар, каде истите ќе добијат совети за нивно лекување или термин за преглед, доколку се работи за состојба која што не може да се третира/дијагностицира телефонски. Матичните амбуланти се места каде има голема фрекфенција на луѓе. Непотребното шетање по амбуланти може да придонесе за побрзо ширење на вирусот, па дури и затварање на самата амбуланта, доколку докторот или сестрата добијат симптоми или се позитивни на COVID-19.

КУРИР: Во овој период, граѓаните често земаат терапии на своја рака. Кој е вашиот совет во врска со ова, колку треба да бидеме внимателни?

Д-Р Христовска:

-Најпрво ќе кажам дека не постои некаков посебен и специфичен протокол на лекување. Прв третман на избор за COVID-19 е симтоматска терапија која зависи од степенот на манифестацијата на самата болест. Земање терапија на своја рака не само што нема да помогне, него и ќе го влоши општото здравје на пациентот и тоа не важи само за сега, него е земено за општо правило во медицинската пракса. Има кој да ординира терапија и да лекува. Затоа апелирам до граѓаните строго да се придржуваат до препораки од СЗО и пред да наумат да се напијат одреден лек, задолжително да се консултираат со својот избран лекар. Соработката доктор-пациент во овој момент е побитна од било кога.

Докторката порачува: Бидете свесни, грижете се за вашето здравје и спречете го ширењето на COVID-19!

 

 

Најнови вести