сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Итно да се преиспита случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија“

„Итно да се преиспита случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија“

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ итно бара да се преиспита случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија.

Нивното соопштение, прочитајте го во продолжение:

Бараме одговорност од директорката Викторија Јовановска која иако вели дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко нарушување, сепак нема ништо преземено за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа.

Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено

Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно

Прашуваме со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа како што е породување.

Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема за медицинската директорка на ГАК , а дополнително истото се наведува како причина за непреземање мерки

Оттука бараме одговорност и разрешување на двајцата директори Јовановска и Шаќири на Клиника за гинекологија кои навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците.

Најнови вести