недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов на средбата со Нимиц: Решение кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да ни го наруши достоинството

Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија ќе продолжи и натаму конструктивно да учествува во процесот, со цел изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани.
Иванов на средбата со Нимиц: Решение кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да ни го наруши достоинството

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името.

-На средбата беше разгледана актуелната состојба на процесот кој се води под покровителство на ОН и беа разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник Нимиц, како и со исходот од неговата посета на Атина. Претседателот Иванов потенцираше дека решението за разликата околу името може да се бара само во рамките на Обединетите нации, и го реафирмираше ставот дека е потребно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите – Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија ќе продолжи и натаму конструктивно да учествува во процесот, со цел изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани.

Претседателот Иванов го поздрави интензивирањето на дијалогот и потенцираше дека надминувањето на разликата околу името мора да биде во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски.

Најнови вести