четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов потврди дека Божиновски и Јанакиески се притворени со фингирана белешка

Иванов потврди дека Божиновски и Јанакиески се притворени со фингирана белешка

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање, што разговарал на средбите со екс генералниот секретар на Владата на Република Македонија Кирил Божиновски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, нагласи дека Божиновски воопшто и не бил на средба со него, а не се остварил ниту телефонски разговор помеѓу нив.

-Кирил Божиновски ниту се јавил, ниту дошол на средба. А Миле Јанакиески заедно со Пешевски дојдоа со една иницијатива која беше во прилог на релаксирање на односите, односно помирувањето во државата и подоцна тоа излезе во јавноста како апел. Тој само дојде да се консултира со мене како со претседател на државата, изјави Иванов.

Со ова уште еднаш се демантираат сите натписи од провладините медиуми дека Божиновски барал помилување од страна на претседателот Иванов, а доколку не го добиел ќе избегал од државата.

Имено, и во решението за одреден притвор на екс ген-секот на Владата Божиновски стои токму оваа шпекулација која Иванов целосно ја демантираше.

Со ова се потврдува политичкиот прогон и реваншизам од страна на судските органи врз поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Судиите наместо правни, повеќе од очигледно е дека носат политички одлуки по притисок на владата на СДСМ.

Најнови вести